12 работи кои среќните луѓе ги прават поинаку

Клучот за среќата не може да го најдете седејќи со скрстени раце и чекајќи да ви падне од небо. Ескпертите по позитивна психологија истакнуваат едноставна, научо поткована мудрост за долгорочна среќа.

Без разлика на животната доба во која се наоѓате, еве што можете да почнете да правите за да го зголемите вашето ниво на среќа и да чувствувате позитивни вибрации во вашето секојдневие.

Искажувајте благодарност

Нема поголема среќа од тоа навистина да го цените она што го имате. Благодарноста за сите добри аспекти во вашиот живот ќе ви донесе длабоко чувство на спокој и задоволство. Ова чувство нема никогаш да го постигнете доколку не му се радувате на она што веќе го имате.

Негувајте го оптимизмот

Без разлика во каква ситуација се наоѓате, победник е оној кој ќе успее да најде оптимистичен поглед на околностите, а неуспехот го гледа како можност за раст и за учење нова лекција во животот.

Не размислувајте премногу и избегнувајте да се споредувате со другите

Споредбата со другите луѓе може да биде отровна за вашата перцепција за самите себе. Доколку во нешто сме подобри од другите, нашето его се вивнува до небото и се развива нездрава смисла за супериорност.

Од друга страна, пак, кога во некој аспект не сме толку добри во споредба со другите, најчесто го дискредитираме напорот и работата кои ги имаме вложено и не го признаваме прогресот кој сме го направиле.

Доколку со нешто мора да се споредите, нека биде тоа претходна верзија од самите вас.

Негувајте ги социјалните врски

Најсреќните луѓе на планетата се оние кои имаат длабоки и искрени пријателства. Зар има поголемо богатство од тоа?

Правете добри дела

Правењето добро дело има неверојатна моќ инстантно да направи да се чувствувате неверојатно убаво, а уште позадоволителен е моментот што ќе знаете дека сте помогнале некому и дека сте успеале да го направите среќен.

Уживајте во моментот

Вистинско чувство на среќа не може да постои доколку не застанете да поуживате во моментот. Не заборавајте да ги прегрнете животните искуства и магијата која ја носат со себе. Малите работи во животот можат да претставуваат големи награди за вас доколку знаете целосно да ги искусите.

Научете да простувате

Кога чувствувате омраза кон некого и постојано мислите на него, тие негативни чувства се токсични за вашата добросостојба. Научете да простувате бидејќи така ќе си направите најголема услуга првенствено кон самите себе.

Фокусирајте се

Акцијата и свесноста се меѓусебно поврзани. Кога целосно ќе се внесете во одредена задача, не сте гладни, поспани или емотивни, туку станувате едно со задачата и не дозволувате неважни работи да ви го одвлекуваат вниманието.

Имајте однапред дефинирани стратегии

Лоши работи се случуваат постојано и насекаде – тоа е неизбежно. Тешко е да пронајдете креативно и ефективно решение во таков момент, па затоа, доколку е возможно, најдобро е да имате веќе развиена стратегија и да го имате сето „оружје“ на располагање токму тогаш кога ќе ви биде најпотребно.

Посветете се на целите

Доколку на вашите цели се посветите со целото срце и дадете сè од себе, може да стигнете дури до Месечината.

Негувајте ја продуховеноста

Кога се посветуваме на спиритуалноста или религијата, сфаќаме дека животот е многу поголем од самите нас како индивидуи. Тоа ни помага да се поврземе со изворот на светот и да ја почувствуваме поврзаноста со сè што постои.

Грижете се за вашето тело

Грижата за вашето тело е еден од курцијалните предуслови за чувството на задоволство и исполнетост со самите себе. Доколку вашата физичка енергија не е во добра форма, тогаш тоа негативно ќе се рефлектира врз вашата ментална енергија (фокусот), емоционална енергија (чувствата) и спиритуална енергија (целта). Докажано е дека луѓето кои вежбаат имаат поголемо чувство на самодоверба и реализираност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби