Од сите уметнички изразувања, ова можеби е најбизарното за кое што сме имале можност да чуеме. Кејси Џенкинс (34) е дел од необична уметничка изведба наречена Casting Off My Womb.

Таа поминува 28 дена во плетење, додека волната која што ја користи ја вади од сопствената вагина. Она што ужаснува е фактот што Кејси плете постојано, па дури и кога има менструално крвавење. И додека многумина едноставно би свртеле глава на еден ваков потфат, Џенкинс со задоволство го прифаќа предизвикот.


-Ако ја погледнете својата вулва сфаќате дека и тоа е само дел од телото. Нема ништо шокантно или страшно, ништо што нема да истрча и да ве изеде. Ова дело за мене претставува истражување и воспоставување интимност со моето тело, вели таа.
Кејси ја изведува својата егзибиција во една галерија во Австралија и вели дека иако многумина мислат дека она што го прави е навистина тешко, во суштина не поминува низ болни моменти.


-Само е необично и ограничувачко зошто сум поврзана со плетката, па затоа не можам да станам и да се шетам наоколу. Рестриктивно е, но не и болно, додава Кејси.
Целта на нејзиното дело е да се отстранат сите негативни и заплашувачки погледи за женските гениталии.