Свадба која изгледа како и секоја друга, но не e!

Џастис Стампер од Вирџинија на прв поглед изгледа и се однесува како и секоја друга невеста која се подготвува за својата свадба, избира цвеќиња, украси и пробува венчаница.

Но, во оваа приказна постои еден необичен детал. Нејзиниот избраник, Џереми, веќе е нејзин сопруг. Причината зошто одлучиле повторно да се венчаат е сè, само не вообичаена.

Имено, Џастис и Џереми се венчале во август минатата година, но три дена по свадбата таа доживеа сообраќајна несреќа и делумно го загубила помнењето. Еден месец по свадбата, Џастис му признала на нејзиниот сопругот дека не се сеќава на нивната свадба.

- Поминав часови и часови прелистувајќи ги албумите, ги гледав фотографиите од свадбата и се обидував да се сетам, но ништо. Една работа никако не можев да ја прежалам. Неговиот поглед кој го имал додека одев кон него кон олтарот. Тогаш сфатив дека би дала се, апсолутно се, да можам да ги вратам тие моменти, изјави Џастис за Дабалју-Си-Уај-Би.

Џереми тогаш решил да и ја исполни желбата на својата сопруга. Тие организираат втора свадба која ќе се оддржи во август на годишнината од нивната прва свадба.

Нивната сторија се прошири низ медиуми ширум светот и социјалните мрежи, каде е оценета како „една од најромантичните приказни досега“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби