Кога богат татко ќе го однесе синот да види како живеат сиромашните

Богат човек одлучил да го земе својот помлад син на пат, за да ја научи лекцијата за тоа како изгледа да се биде сиромашен. По патувањето, таткото беше изненаден од реакцијата на неговиот син.



Оваа инспиративна приказна ја постави Ден Асмусен на неговот Фејсбук профил, која со неверојатна брзина се прошири на социјалните мрежи, пренесува порталот cafe.ba.

А приказната почнува вака:

- Еден ден, таткото го однел својот син на пат во една земја за да му покаже како изгледа да се биде сиромашен. Минале неколку дена и ноќи на една фарма кај семејство за кое може да се каже дека е сиромашно.

По завршеното патување, таткото го прашал синот дали му се допаднал патот.

- Беше одлично тато, рече синот.

- Дали гледаш колку можат луѓето да бидат сиромашни?, го прашал таткото, на што момчето рече О, да.

- Што научи на ова патување? , а синот го одговорил следново:



- Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме базен насред двор, а тие имаат река на која не се гледа крајот. Ние имаме многу ламби по нашиот двор, додека тие имаат ѕвездено небо. Нашиот двор е заграден и ограничен, додека тие имаат цел хоризонт. Ние имаме мал дел од земјата на која живееме, додека тие имаат пространство кое нема граници. Ние имаме слуги кои не служат, додека тие други услужуваат. Ние купуваме храна за нас, додека тие ја одгледуваат за себе. Ние имаме ѕидини околу нашиот имот за да не чува, додека тие имаат пријатели кои тоа го прават.

Таткото на момчето занемел кога синот го раскажал своето доживување, на што момчето само додаде дека од ова патување тој сфатил дека тие се оние кои всушност се сиромашни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби