Верувале или не: Се буделе во мртовечница и на погреб

Овие приказни не се сценарио на Стивен Кинг, туку вистински случки кои ги преживеале луѓето ширум светот. По грешка, тие биле прогласувани за мртви, а во светот на живите се враќале на многу необични начини, но ретко кој би поверувал во тоа. Прочитајте ги приказните на луѓето, па самите проценете.



Баба која се вратила од мртвите да зготви ручек

Ли Ксиуефенг ја прогласиле за мртва откако нејзиното тело го пронашле во спалната соба без никакви знаци за живот, со видлива рана на главата. Ја сместиле во ковчег во куќата, а на нејзина среќа, ковчегот не бил запечатен. По цели шест дена, бабата се разбудила од длабока кома и излегла од ковчегот. Плановите за нејзиниот погреб веќе биле направени, а веќе се одржало и бдеењето.

Ден пред погребот, фамилијата и пријателите се собрале во куќата и пронашле празен ковчег. По бизарната потрага за телото, ја пронашле бабата како готви во кујната. Не и било јасно зошто сите чудно ја гледаат, а подоцна објаснила дека се разбудила по долго спиење. Била страшно гладна па решила да зготви нешто.

Проститутка умрела додека „се работела“

Проститутка од Зимбабве починала за време на секс со клиент во хотелска соба во Булавеј. Откако се исплашил, муштеријата повикал полиција, а на општо чудење се вратила меѓу живите во оној момент кога нејзиното тело го ставале во метален ковчег. Се разбудила викајќи: Сакате да ме убиете, сакате да ме убиете! Исплашените гости и хотелскиот персонал се разбегале.

Се разбудила по три дена во мртовечница

Неверојатно, 61-годишната Русинка Харди Лудмила Стеблитска ја однеле во болница бидејќи не се чувствувала добро. Откако на посета дошле нејзината ќерка и внук, од болницата им кажале дека починала. Жалостената ќерка почнала да се подготвува за погребот. Отишла до болницата за да го земе телото на мајка и, каде што и рекле да почека бидејќи лекарите не ја завршиле обдукцијата. Тогаш и пришол исплашен лекар и и кажал дека мајка и е жива и лежи во кревет. Таа влетала во собата и видела дека мајка и е жива. Не можела да се сети што се случило, само дека не се чувствувала добро и дека дошла во болница. Поминала три дена лежејќи во ледената мртовечница, додека нејзината фамилија ја оплакувале.



По година дена од оваа случка, на Лудмила, која пати од срцева болест и се случил уште еден инцидент во кој повторно не покажувала знаци на живот. Овој пат лекарите биле внимателни и не ја прогласиле за мртва, а таа се разбудила по неколку часа од длабока несвест.

Дете се исправило од ковчегот

Двогодишно бразилско момче се разбудил од отворениот ковчег, седнал и се исправил, а потоа побарал вода за повторно да легне. Во случајот кој се чини премногу неверојатен за да биде вистински, Келвин Сантос престанал да дише поради компликации со тешко воспаление на градите. Починал во болница во северен Бразил во 19 часот и 40 минути, а неговото тело го замотале во вреќа и им го дале на родителите. Следниот ден бил закажан погребот, а еден час порано Кевин се разбудил и побарал вода.

Сите почнале да викаат и не можеле да поверуваат во она што го гледаат, но Кевин повторно си легнал. Веднаш го однеле во болница, каде што го прегледале, но не откриле знаци на живот. Семејството решило да го одложи погребот, но несреќното момче веќе не се разбудило.

Се разбудила на погребот, па умрела од инфаркт

Русинката Фагија Мукјамецијанов по грешка на лекарите била прогласена за мртва. На самиот погреб се случило чудо – покојната ги отворила очите. Сепак, сцената на сопствениот погреб и помислата дека треба да живее закопана потполно ја престрашила и почнала да вика, заедно со сите кои се собрале да и оддадат последна почит. Откако луѓето се потсмириле, веднаш ја однеле во болница. Сепак, починала од како последица од инфаркт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби