УНИВЕРЗУМОТ СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО

Зошто ни се случуваат добри работи кога веќе не ги очекуваме или кога сме се откажале?

Не сте ни свесни дека стекнувате голема предност кога престанувате да се грижите и размислувате за целта во која сте вложиле огромен труд. Најчесто, добрите работи доаѓаат кога луѓето забораваат на потребата да го стекнат она што го сакаат. Таквото искуство го доживувате кога сте окупирани со активностите кои не се поврзани со вашите цели. Можеби ќе го местите креветот или ќе го шетате кучето кога наеднаш ќе ви светне идеја како да го решите проблемот. Во тој момент можеби ќе ви делува чудно што наеднаш го знаете решението на проблемот, со оглед на тоа дека сте задлабочени во сосема различна задача, но на сличен начин писателите и уметниците често доаѓаат до своите најдобри идеи.



Кога имате работа со законот на привлекувањето, би требало да ја формулирате својата цел или намера и остатокот да го препуштите на универзумот. Сепак, ако продолжите грчевито да мислете на тоа и да се мачите за да дојде до негово исполнување, универзумот ќе ви прати уште поголеми измачувања.

Фокусирајте се на својата намера, а поголемата енергија препуштете ја на универзумот. Нема да бидете врзани за желбата, па автоматски ќе бидете во подобра позиција за примање. Понекогаш ќе се фокусирате на привлекување на прекрасен однос, работа, пари или добро здравје, но нешто ќе ви пречи постојано. Исто како оние моменти кога идеите и решенијата неочекувано се појавуваат, наеднаш ќе ви се исполни посакуваното.

Можеби ќе ја опишете ситуацијата на своите блиски како иронична, со оглед дека престанавте да бидете врзани за постигнувањето на целта. Ситуациите во кои изгледа како универзумот да не реагира на туѓите желби и покрај тоа што се обидуваат да привлечат резултати, се јавуваат поради нивните мисли и создадена енергија. Ако сте очајни од желбата да имате нешто, вие сте во постојана потреба од тоа. 

Универзумот ја прима таквата ваша енергија и пристојно ви праќа уште од истата, бидејќи е програмирана да го достави вашиот примарен фокус. Добрите работи се случуваат кога не ја доживуваат енергијата на потребите. Ако сакате да функционира законот на привлекувањето, фокусирајте се на своите намери, но запаметите дека енергијата која ја создадовте треба да ја испуштите. Кога тоа ќе го направиме, добрите работи ќе се појават во вашиот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби