Светски атракции кои за малку ќе биле уништени

Можете ли да го замислите Париз без неговиот главен симбол? Или Њујорк без Статуата на слободата? Речиси е невозможно, но историјата за малку ќе напишела друга приказна. Погрешните одлуки, неатрактивноста, војната се само некои од причините кои можеле сè да сменат. Погледнете кои познати атракции би можеле денес да не ги гледаме, но за среќа тие си се на местото на кое отсекогаш требало да бидат:

Ајфеловата кула



Да, звучи незамисливо, но граѓаните на Париз немале отсекогаш симпатии и љубов кон најпознатата кула на светот. Кога е донесен план за нејзина изработка за потребите на Светска изложба во 1889 година, многумина се побуниле, па дури и потпишувале петиција за да не се гради во Париз. Со тек на време граѓаните ја прифатиле кулата и почнале да се гордеат со неа, а дури и е одбиена Хитлеровата наредба да се уништи. Денес, на никој жив не му паѓа на памет каков бил Париз пред Ајфеловата кула, со оглед на фактот дека годишно градот го посетуваат над 7 милиони луѓе.

Статуа на слободата



Сите кои биле во Големото јаболко не можеле, а да не го забележат високо дигнатиот факел во десната рака на дамата која ја претставува слободата на Америка. Познато е дека оваа статуа е подарок од Французите, но легендата вели дека всушност архитектот Августо Бартолди го наменил за отворањето на Суецкиот канал. Сепак, кога ја објавиле таа идеја, одлучиле да го подарат на Американците, славејќи ја слободата и демократијата на младата земја. За завршувањето на статуата биле потребни цели 15 години, а кога изгледало дека нема да се заврши поради недостаток од пари, Џозеф Пулицер ги собрал потребните средства при што ги повикал читателите на магазинот „World“, да донираат колку што можат. Денес кипот на слободата се наоѓа на листата на заштитени наследства од УНЕСКО.

Белата куќа



Каде би живееле денес Обама, а пред него Буш и Клинтон, ако ја немаше Белата куќа? Воопшто не се сомневаме дека ќе им било добро и на друго место, но токму овој објект е јак симбол на американските претседатели и тешко е да се замисли тие да живеат на други места. Но, во 1814 година, Вашингтон речиси останал без оваа градба. Тогаш британските војници го нападнале Вашингтон, ги избркале жителите, а Белата куќа, заедно со другите значајни градби сакале да ги запалат. Кога изгледало дека од Вашингтон нема ништо да остане, се случило вистинско чудо. Над градот се создала бура која донела торнадо и ги разбркало сите британски бродови, каде загинале повеќето британски војници. Англичаните потоа го напуштиле градот и веќе не се вратиле.

Таџ Махал



Најпознатиот светски мавзолеј и најпосетената знаменитост во Индија, ќе доживеел тажна судбина и тоа во повеќе наврати. Стотици години по смртта на Џахан, кој го изградил Таџ Махал за својата сакана сопруга, мавзолејот почнал да паѓа во заборав. Во добата на индиската буна во средината на 19 век, Британците од него направиле воена тврдина и наоколу изградиле бараки. По заминување го оставиле во пустош и од него ги земале скапоцените камења. Во меѓувреме Лордот Бентинк наредил многу споменици во Индија да се срушат, а делови од Таџ Махал требале да се продадат на аукција во Европа. За среќа, штом почнале подготовките за неговото „демолирање“ аукцијата пропаднала. При почетокот на 20 век, еден многу разумен лорд, наречен Курзон, се запрепастил кога видел во каква состојба е Таџ Махал. Дал наредба за негово обновување, па денес благодарение на него, мавзолејот останал сочуван.

Кремљ



Московскиот Кремљ се смета за најзначајното архитектонско достигнување на земјата. Некогаш дом на царевите, а денес на Владимир Путин, претставува тврдина околу која се развила цела Москва. За време на војната помеѓу Русија и Франција, Кремљ го заземал Наполеон, а при повлекувањето дал наредба да се уништи. За среќа, иако некои експлозиви се детонирале, дел од нив се деактивирале пред самата експлозија, па покрај големата штета која ја претрпел, Кремљ успешно го обновиле и ден денес е еден од симболите на моќната Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби