Кројач скрои фармерки долги девет милиметри

Касим Андач, кројач од централниот турски град Кони, скрои фармерки со големина од само девет милиметри.



Андач, инаку е од семејство каде кројачкиот занает се пренесува од колено на колено, а дека се работи за вистински мајстор на овој занает покажуваат и минијатурните панталони кои ги изработува. Во разговор со новинар од Анадолија, Андач рече дека повеќе од две децении се занимава со кројачкиот занает, кој го наследил од неговиот татко. Тој додаде дека неговиот татко еднаш многу одамна почнал да изработува минијатурни облеки кои ги давал како подарок на своите пријатели.

- Тоа ми се изгледаше многу интересно. Истражував, но никаде не најдов дека некој друг работи нешто слично. И јас почнав и успеав да скројам панталони со големина од девет милиметри, рече Андач и додаде:



„За жал не пронајдов соодветно копче и патент.“

Андач рече дека неговиот татко во почетокот скроил панталони од 7,5 сантиметри, потоа од пет, па со должина од 2,5 сантиметри, по што тврдел дека не е можно да се скројат помали. Тогаш, како што вели, тој одлучил да направи фармерки помали од 2,5 сантиметри.

- Беше навистина многу тешко. Панталоните со нормална величина можат да се скројат за три часа, но на панталони од девет милиметри работев три дена. Можам да речам дека работев деноноќно, почнав дури и да сонувам минијатурни панталони. Бев многу упорен бидејќи бев свесен дека ако некој направи помали од моите, јас ќе морам да направам уште помали, рече Андач.



Иако тој успеа да направи помали панталони отколку неговиот татко, Андач нагласи дека вештината во кројачкиот занает го научил неговиот татко.

- Мојот татко е еден од првите кројачи во Кони кој кроеше фармерки. Направив минијатурни фармерки затоа што ја сакам својата работа и сакав да покажам дека овој занает се уште живее, истакна Андач, додавајќи дека сонува да крои костими за ликовите на Дизни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби