Проштално писмо: Јас те оставам – а јас добив лото и не добиваш ниту една пара

Мажите почесто изневеруваат од жените. Се проценува дека речиси 50% од сите мажи во светот ќе изневерат во некој момент од својот живот, а со тоа доаѓа и оставањето на својата жена. За разлика од нив, жените поретко изневеруваат и поретко го оставаат својот маж.

Токму таква е приказната со следниот пар, каде што мажот ја оставил сопругата, но не ни помислил дека можело ова да се случи. Прочитајте го неговото проштално писмо, а потоа и нејзиниот одговор.



Драга жено, ти го пишувам ова за да те известам дека те оставам засекогаш. Бев добар кон тебе последните седум години и не добив ништо од тоа. Последните две недели беа пекол. Денес се јави твојот шеф да ми каже дека си дала отказ и тоа беше последната капка. Минатата седмица, си дојде дома и не ни забележа дека имам нова фризура, ниту дека го подготвив твоето омилено јадење и дека дури носев нови свилени боксерки. Јадеше две минути и заспа веднаш откако ги изгледа сите твои сапуници. Не ми кажуваш дека ме сакаш, не сакаш секс повеќе, ниту нешто не поврзува како маж и жена. Или ме изневеруваш или не ме сакаш повеќе. Во секој случај, јас заминувам.

Твојот поранешен маж

П.С. Не се труди да ме најдеш. Твојата сестра и јас заедно се селиме во Северна Вирџинија. Имај убав живот.

На ова жената му одговорила:

Драг мој поранешен мажу, ништо не ми го разубави денот повеќе од твоето писмо. Вистина е дека ти и јас бевме во брак седум години иако јас тебе не би те опишала како добар човек. Гледам сапуници за да ги надгласаат твоето кукање и допири. Штета што тоа не успева. Забележав дека си се потстрижал, но првата работа која ми падна на памет е дека изгледаш како девојче. Бидејќи мајка ми ме научи да молчам кога немам нешто убаво да кажам, не прокоментирав. А кога го зготви моето омилено јадење, мора да си ме смешал со сестра ми, бидејќи престанав да јадам свинско месо уште пред седум години. А во врска со новите свилени боксерки: Се тргнав од тебе затоа што цената од 50 долари се уште стоеше на нив и се молев тоа да нема никаква врска со тоа што сестра ми тоа утро позајми толку пари од мене.

После сè ова, се уште те сакав и мислев дека може да поработиме на нашиот однос. Па така, кога добив лото од 10 милиони долари, дадов отказ и купив две карти за Јамајка, но кога си дојдов дома тебе те немаше.

Сè се случува со причина. Се надевам дека ќе имаш исполнет живот кој отсекогаш си го посакувал. Мојот адвокат кажа дека писмото кое си го напишал е доказ дека нема да добиеш ниту една пара од мене. Чувај се!

Твојата бивша жена, богата и слободна!

П.С. Не знам дали некогаш ти имам кажано, но мојата сестра Карла е родена како Карл. Се надевам дека тоа не е проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби