„Професорот од Корчагин“

Дискусија со неговите ученици м-р Лазар Фотев, сопственик и основач на Издавачката куќа „Аз-Буки“, Игор Иванов – Изи, филмски режисер и средношколката Миа Новковска

1973-та година, Скопје... Средно училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“... час по филозофија... се отвора вратата во училницата и започнува нова етапа во животот на многумина - доаѓа професорот Стефан Сидовски – Сидо.
Тој е човек кој носи значајни промени во образовниот систем. Страста кон темите за животот... за слободата на човекот... за вистината... им ја пренесува на своите ученци кои жедни ја впиваат секоја капка полна со знаење. Психологија, филозофија, етика, логика, социологија, естетика, педагогија се предметите зад коишто стои неговото име и презиме, а со нив ѕиркаат и спомените на неговите ученици. Своето знаење го стекнува на додипломски и магистерски студии на Филозофскиот факултет – Скопје, а докторирал на Институтот за филозофија на тема: „Естетиката и дијалектиката во монтажата на филмот“. Тој ќе каже: „Филмот е мојата философија“, а токму тоа го докажуваат и неговите стотина играни филмови што ја отсликуваат неговата прва љубов – филмската режија. Сепак, филозофијата е таа што го следи целиот негов живот, почнувајки од тинајџерските години, па сѐ до денес.

Генерации ученици поминале на предавањата на нивниот омилен професор од средно на кои ќе видите една огромна насмевка кога се споменува неговото име.

„Јавна Соба“, петок, 6 мај, во 20:00 часот е местото каде што ќе можат да се видат повторно насмевките на лицата на љубителите на философијата на проф. Сидо. Настан каде што ќе се зборува за „Смислата на постоењето“, ќе се дискутира и ќе се ужива во пријатно дружење.

Сеќавањата се слични кај сите ученици, опуштени часови, слободни разговори, мотив за создавање и креирање на нешто сосема различно од останатите. Велат се паметат првите и последните работи, па така сѐ лесно го памети првиот и последниот ученик од генерацијата.

М-р Лазар Фотев, сопственик и основач на Издавачката куќа „Аз-Буки“ е името со коешто е поврзана титулата прв ученик на проф. Сидо.

- Имаше 27 години, а јас имав 17 и веднаш на самиот почеток од неговата професорска кариера се спријателивме. Првиот час кога дојде рече: „Кој сака да слуша може да остане, кој не сака може слободно да излезе надвор без проблем.“ што во тоа време е незамисливо. Всушност, ми остави голем впечаток и јас му пријдов за да му побарам книга што би ја читал, а тој ми го даде делото “Етика“ од Спиноза. Тоа беше една од најважните случки во мојот живот, бидејки беше водилка на целото мое понатамошно живеење.

Г-динот Лазар Фотев глумел во филмовите на Сидовски, како што се: „КОПНЕЖ“ сниман во 1976 година каде што имал главна улога, а исто така и во филмот „РЕВОЛТ“ од 1977 година. Воедно, првата проекција на филмот „РЕВОЛТ“ била во маалскиот клуб „Вена“, каде што се собирале заедно со проф. Сидовски и зборувале за теми од филозофијата. Големата слобода што им ја давал проф. Сидо се рефлектирала на една случка во средношколските денови на Фотев:

- Еден ден, не се сеќавам за точно кој предмет, но тој ден не бев подготвен за час. Тогаш кога се бегаше, се бегаше цел ден, едноставно „киднуваш“ од училиште... но следниот ден се сретнавме на раскрсницата кај Црвениот крст и проф. Сидо ме прашува : „Каде беше ти на час вчера?“, а јас му одговорив: „Избегав“. Веројатно да бил некој друг професор да ме сретне и да ме праша, јас би се правдал дека сум се заглавил во лифт, дека имав температура или некои други одговори... меѓутоа кога тој ме запраша се почувствував слободен да ја кажам вистината и затоа кажав: „Избегав – точка!“

Средношколката Миа Новковска е една од последната генерација на ученици на проф. Сидовски која ги слушала неговите предавања за психологија во Школата за уметност „Џолев и уметностите“, каде што професорот сѐ уште активно и со иста љубов како и од самиот почеток го пренесува своето знаење на учениците. По совет на нејзината мајка која била ученик на проф. Сидо во Р. Ј. Корчагин и од други ученици, одлучила да се запише на предавањата и да ја искуси таа магија.

- Јас пред да дојдам на предавањата во „Џолев и уметностите“ бев речиси сигурна дека сакам да студирам психологија, но не сосема, а кога се запишав на предавањата ми се разјасни дека тоа е тоа што сакам да го работам. Клучна улога имаше професорот. Мислам дека клучна улога имаа предавањата бидејки ми беше интересен самиот пристап. Имаше опуштена атмосфера, со свеќи и чоколадо со лешници, сето тоа потпратено со предавањата на проф. Сидо за Фројд, беше одлично!



Да не заборавиме дека на предавањата кај професорот од Корчагин поминале и голем број на личности кои денес се значајни за општествената, политичката и уметничката сцена, меѓу кои и познатиот македонски филмски режисер Игор Иванов – Изи. Како претставник на средната генерација ученици, за својот професор ќе каже дека бил една светла точка во Средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, нешто што не смее да се пропушти.

- Стефан Сидовски-Сидо е најдобрата причина поради која јас продолжив да се занимавам со филозофија и со филм. Низ годините постојано го среќавам и до ден денешен, после децении како што би се рекло, сѐ уште зборуваме на тие две теми, филозофија, филм и малку политика. Тој беше извонреден професор, не знам дали во Македонија се случило такво нешто и тешко, велам -дај Боже, но тешко дека скоро ќе се повтори. Затоа што, она што го зборуваше и она што го живееше беа во една синергија.

Иванов - Изи исто така, бил актер во два филма во режија на проф. Сидовски, а кога го запрашавме да ни спомене за некој интересен настан кој го поврзува со проф. Сидо во средношколските денови ни раскажа:

- Кога ќе се присетам на предавањата, се сеќавам на еден момент кога државата, т.е. Секретаријат за образование во тоа време, донесе одлука за да го исфрли од училиштето и да му го прекине работниот однос, затоа што држи предавања што се косат со воспоставените принципи и програма, што не беше точно. Неговите предавања беа ултра-прогресивни, но тие кратки умови не можеа да разберат во тоа време и се сеќавам дека целата генерација на деца станаа и го одбранија.

Први и последни, средни и нови, сите генерации се поканети во петок, 6 мај, во 20:00 часот во „Јавна Соба“ на настанот каде што главна улога ќе има проф. Стефан Сидовски-Сидо. Ќе може да ја проследите проекцијата на краткиот игран филм „Raison d'être“ („Смисла на постоење“) и панел-дискусијата со Лазар Фотев и Миа Новковска.

Проф. Сидовски честопати знае да го постави прашањето: „Што е вистина?“, а ние се обидовме да го дадеме одговорот. Вистината за неговото постоење и творење, вистината за неговата филозофска с’рж, втемелена во часовите и предавањата, вистината за сите генерации на Сидо кои се сведоци на една поинаква приказна, приказна за најдобриот професор од Корчагин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби