Роденденски со „Џолев и уметностите“ – една приказна за среќно постоење

Млади и успешни. Современи и кул. Тоа се „Џолев и уметностите“!

Школата за уметност „Џолев и уметностите“, славеникот на роденденската забава, е школа којашто ќе го заокружи своето четиригодишно работење. Фотографија, моден дизајн, филм, театар, литература, психологија, естетика и филозофија се дел од уметностите и науките што се застапени во „Џолев и уметностите“, каде што знаењето и информациите се свежо сервирани и зачинети по мерка на слушателите. За успешноста во нивната замисла, накусо ни одговори сопственикот и менторот на дел од програмите, Дејан Џолев:



- На почетокот „Џолев и уметностите“ немаше идеја како ќе се развива. Всушност, тоа беше само курс по фотографија. Сѐ што следуваше беше природна еволуција, испровоцирана од луѓето коишто го посетуваа курсот по фотографија. Едноставно, тие побараа повеќе и ме предизвикаа да создадам нова програма, или причината за постоењето на курсот по постпродукција на фотографија, а потоа на сличен или различен начин се редеа програмите кои денес се вкупно 19 на број.

Овие програми се преточени во кусеви, обуки, предавања и работилници, чијашто програма и атмосфера детално се планираат однапред. Станува збор за уметничко-образовна школа која дава сѐ од себе да го држи разгорен пламенот на уметноста.

Пред многу многу години, зад седум планини и мориња си живееа принцот и принцезата во своето кралство. Вака некако би започнала приказната за успешното владеење и љубов каде што сите си живееле среќно до крајот на животот. Дејан каква е вашата приказна за „Џолев и уметностите“?



- Романтична приказна! Повторно ќе кажам на почетокот, тоа требаше да претставува само моја дополнителна работна активност во сабота (денот на одржување на курсот по фотографија) за малку подоцна да стане секојдневен работен ангажман, од утро до мрак, од понеделник до недела, од јануари до декември... Оваа приказна никогаш нема да биде раскажана доколку не постоеа повеќе од 400 причини за тоа , или сите луѓе, уметници, љубители на уметноста коишто беа дел од нашите прогрми изминатите 4 години. Приказната ќе беше глупава и едноставна доколку не беа сите ментори и предавачи во нашата школа. Приказната ќе беше здодевна и неразбирлива доколку тимот не веруваше и не се залагаше искрено. Приказната во иднина ќе нема ниту еден збор, доколку не продолжиме да зборуваме за неа. Доколку не продолжиме да раскажуваме за нови образовни стандарди. Ќе раскажуваме на високо морално и етичко ниво од областа на уметноста и науките блиски на уметноста. Доследно, искрено, страсно... Всушност, приказната никогаш ќе нема среќен крај, туку ќе има среќно постоење!

Изложбата на ликовни дела од учесниците на работилницата за сликање под името „380/740“што се одржа на 23 април годинава во Центарот за иновации и дизајн „Јавна Соба“, имаше и хуманитарен карактер, бидејки сите дела беа подарени на ЈУ „Завод за рехабилитација на деца и младнци“. Исто така, треба да се спомене и неодамнешниот конкурс на кој земаа учество најмладите и беа дел од креирањето и дизајнирањето на новото лого/логотип на Јуниор програмите. Сепак, постојат уште многу датуми што ги заокружиле со црвено пенкало на нивниот календар на активности и го одбележале нивното работење:



- Секогаш и секаде, потсетуваме дека нашата филозофија и препознатливост е токму поради крајниот практичен производ на секоја од програмите. Понекогаш, имам впечаток дека сме исто толку голема уметничка продукција колку што и обрзовна институција. Додега сме реализирале повеќе од 10 фотографски изложбени поставки, што подоцна биле дел од неколку уметнички фестивали или културни манифестации. Никогаш нема да ја заборавам изложбата на фотографии „Барок плус“! Овој месец ќе ја реализираме и третата филмска премиера во Кинотеката на Македонија, конкретно краткиот игран филм „Отров“, а исто така ќе започнеме со снимање на четвртиот филм со четвртата група од програата „Обука за филмски актер“. На есен, нѐ очекуваат две модни ревии и присуство на „Скопје моден-викенд“, заедно со модните дизајнери. Искрено сум среќен за промоцијата на книгата „Гугилипапули“ од програмата „Работилница за стилски вежби за пишување“, што се случи оваа пролет. Дел од некои случување веќе спомнавте, но секако ќе ја потенцирам нашата најзначајна активност изминатите неколку месеци, а тоа е поддршката на маргинилизираната средношколска група преку проектот „Образованието е поважно од просек 5.0“ каде што доделивме 5 целосни стипендии на средношколци со просек под 3.9 како единствен предуслов за конкурирање на оваа акција. Морам да напоменам дека запознавме фантастични млади креативци кои веќе се дел од нашите програми и повеќе од успешно ги совладуваат предизвиците, а токму во нивното официјално образование се непрепознаени таленти.

За крајот на оваа приказна што е во името на роденденското расположение и пред да дојдеме во сабота да се забавуваме, Џолев ни раскажа што следно можеме да очекуваме:



- Во сабота на роденден ќе ручкаме шарени колачиња, ќе слушаме класична музика, а потоа и малку гитари. Секако ќе имаме неколку слатки изненадувања, но пред сѐ ќе разговараме, ќе се смееме и ќе се видиме со многу луѓе кои беа дел и причина за овие 4 години. А после сабота продолжуваме со редовните активности, меѓу кои и промоција на нашите активни сениорски програми, секако моите омилени за оваа пролет детските програми за драмски актер, литература и ликовна уметност , и секако од октомври „Џолев и уметностите“ официјално стартува со две академски приграми, „Академија за моден дизајн“ со Никола Евтимов, Никола Булески, Александра Јовановска како дел од најзначајните имиња на македонската модна сцена и Академијата „Мултимедија“ што ќе опфати вкупно 12 предмети од областа на дизајн, фотографија, филм... Но, за тоа по дувањето свеќички во сабота.



Роденденските свеќички „Џолев и уметностите“ ќе ги дувнат и ќе си замислат желба во сабота на 7 мај. „Јавна соба“ во 21 часот, е местото и времето на роденденската забава каде што се поканети сите кои сакаат добро да се забавуваат, бидејки тие ветуваат одлична прослава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби