Зошто никогаш нема да бидете богати?

Многумина сонуваат да добијат на лото и да имаат милиони на сметка, но ретко на кој му се исполнува овој сон. За да се збогатите, не треба да чекате парите да ви паднат од небо. Потребно е да се потрудите, понекогаш и да ризикувате за да ви се исплати трудот.

Стив Сиболф, автор кој ги проучува богаташите, составил листа од неколку знаци кои покажуваат зошто не може да се збогатите. Погледнете кои се тие и потрудете се да ги промените:



Ставате преголем акцент на штедењето, а многу малку се фокусирате на заработката

Штедењето е клучно за вашите идни милиони на сметката, но немојте премногу да се фокусирате на неа. Мора да заработувате и постојано да смислувате нови начини за да заработувате уште. Ако сакате да размислувате како милионер, престанете да се грижите за парите и сконцентрирајте се на тоа како да заработите повеќе.

Не сте почнале да вложувате

Еден од највлијателните начини за да заработите повеќе пари со тек на време е вложувањето. Што побрзо почнете, тоа подобро. Во просек, милионерите вложуваат 20% од своите приходи.

Задоволни сте со редовната плата

Просечните луѓе сакаат да им се плаќа секој месец во одредено време, но богатите луѓе знаат дека платата се темели врз резултатите. Исто така, истражувањата на Стив покажуваат дека самовработувањето е најбрз пат до богатство.

Купувате работи кои не можете да си ги дозволите

Ако живеете над своите можности, никогаш нема да бидете богати. Дури и ако почнете да заработувате или да добиете зголемување на платата, не користете го тоа како оправдување за поголема потрошувачка.

Ги следите туѓите соништа, а не своите

Ако сакате да сте успешни, мора да го сакате она што го работите. Премногу луѓе прават грешка и го ловат туѓиот сон што ги прави незадоволни. Пронајдете ја својата страст и ќе бидете ем посреќни ем поуспешни.



Се држите до својата сигурна зона

Ако сакате да заработите богатство, морате да се навикнете на неизвесност и непријатност. Физичкиот, психолошкиот и емоционалниот комфор е примарна цел на средната класа. За да постигнете повеќе, излезете од сигурната зона и ризикувајте.

Немате цел

Парите нема само така да се појават, мора да работите на тоа. Битно е да имате јасна и конкретна цел пред формирање на финансиски план за постигнување на таа цел. Потребен е фокус, храброст, знаење и многу труд за да станете милионер.

Прво ги плаќате другите, па после себе

Ако сакате да сте богати, мора прво да се платите себеси. Ставете се на прво место и од платите автоматски издвојувајте барем 10% од износот, кој ќе оди директно во заштедата.

Мислите дека збогатувањето е над вашите достигнувања

Морате да си поставите големи очекувања. Верувајте во себе. Ако не верувате во себе, нема ни другите да веруваат во вас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби