Што ја спречува Третата светска војна?

Во историјата на светот се запишани многу војни, а од тоа може да заклучиме дека во човечката природа е луѓето да војуваат. Но, со желбата за освојување на моќ и богатство доаѓа и рационалноста – која зборува дека војните не се посакувано решение. За да се избегнат, најефикасни се т.н. техники на застрашување, од кои повеќето вклучуваат на изглед контрапродуктивни оружја за масовно уништување со кои се контролираат држави.



Поседување на големи количини оружје

Ова е стара воена техника која се развила во сосема друга насока откако ја измислија бомбата. Во Втората светска војна и Советскиот сојуз и САД имале голем број на нуклеарно оружје и покрај фактот дека веќе поседуваат толку многу што може да го уништат светот неколку пати. Тогаш престана да биде прашање кој би можел да направи поголема штета и се разви во игра во која влогот е  целиот свет. Благодарение на технолошкиот напредок, поседувањето на големи количини оружје е ретко денес, бидејќи резултатите од војната теоретски се одредуваат според технолошката супериорност, а не според материјалното оружје.

Биолошко оружје

И покрај договорите како Женевската конвенција и Конвенцијата за биолошкото наоружување, се верува дека повеќето потписници поседуваат некој вид на биолошко оружје кое би го употребиле во случај на итност. Секако, користењето на какво било биолошко оружје за време на конвенционалното војување е самоубиство, бидејќи само би предизвикало бес на „моралниот“ народ, кој би се вклучил во војна, но ова не значи дека нема да се користи во моменти на очај. Она што биолошкото оружје го прави интересно е тоа што нивната единствена цел е уништувањето.

Оружјето како агресивен грип и други епидемии служи како многу значаен начин за привлекување на внимание и одвлекување од војната, бидејќи на потенцијалните непријатели им ја носи пораката „Подобро е заедно да патиме, отколку да го видам твојот успех“.



Економско уништување

Ова е прилично едноставно – закани им се на своите непријатели со економски санкции ако сакаат да те нападнат. Многу економски суперсили ја користеле оваа тактика, а најпогоден кандидат за ова е Кина. Ако би избило војна со западните земји, Кина може да се сети на долгот од трилиони долари и да го блокира извозот, со што западната економија би дошла до слободен пад преку ноќ. Било која земја која има некој облик на економска зависност од некоја друга земја или нејзин сојузник, ќе мора два пати да размисли пред да влезе во војна бидејќи ќе го ризикува своето економско уништување.

Масовна одмазда

Ако некогаш сте играле воена стратегија и сте гладеле импресивна воена сила за да го уништите непријателот, тогаш знаете што е масовна одмазда – учење на бескрајно голема сила со цел да ги избришете оние кои со вас сакаат да војуваат. Оваа тактика ја развиле САД и Русија за време на Ладната војна, а стравот од масовната одмазда ги спречил да војуваат.

Противвредност на друг напад

Ако стотици нуклеарни ракети се вперени во нашата земја, која цел би се постигнала ако се уништи непријателската војска? Тоа секако не може да помогне во моментот на нуклеарен напад, но може да послужи врз нанесување на морална штета на непријателот. Токму тоа е она на што се повикуваат земјите кои имаат нуклеарно оружје, како и политиката „не напаѓај прв“. Вредноста на противнападот нема стратешка или тактичка воена вредност, но ова одвраќање има за цел да ги присили цивилите да ја притиснат својата влада  да не го направат први нуклеарниот напад.



Самсоновата опција

Сè од неговото основање по Втората светска војна, Израел постои под постојана закана на уништување од своите исламистички соседи. Но, на големо изненадување, екстремните закани кои доаѓаат од самиот Израел кон остатокот од светот поминуваат незабележано. Бројните воени стручњаци веруваат дека Израел на работ на своето уништување би можел да се послужи со Самсоновата опција, односно нуклеарна војна која би ја продолжиле автономните израелски воени единици по светот по падот на Израел. Така гневот на една поразена нација ќе влијае врз целиот свет – вклучувајќи ги и европските и американските градови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби