Ми ги корнеа ноктите, ми ја шиеја устата..

Шахбаз Тасер пет години бил заробен од страна на ИСИС, кои постојано го мачеле и изгладнувале, а на крај го ослободиле талибанците. Ветеранот на CNN Кристијан Аманпур, разговарал со него, два месеци откако го ослободиле. Го киднапирале при крајот на летото во неговиот роден град Лахореј во Пакистан.



Бил таму неколку месеци откако го убиле неговиот татко, гувернерот Пуњаба, затоа што јавно се противел на Законот за бласфемија, по кој „навредувањето на исламот“ се казнувал со смрт.

- Ми ги искорнаа сите нокти. Првиот ден почнаа со 100 удари со гумен камшик, а следниот со 200 удари. Ми го режеа грбот со нож, а потоа ми ставаа сол. Ми ја зашија устата и ме изгладнуваа. Крвавев од повредите на грбот и така ме оставаа без никаква медицинска помош, го опишал хоророт кој го доживувал.

Личностите кои го киднапирале биле припадници на Исламското движење Узбекистан, џихадистичка организација настаната во поранешната советска република, која по дебаклот во Авганистан побегнале во Пакистан. Со тек на годините им пристапиле на ИСИС.

- Кога и се јавуваа на мајка ми, не зборував јас со неа, туку тие. Јас само им бев средство. Но, научив да се сконцентрирам на нејзиниот глас, кој многу сакав да го слушам.



Тоа многу му помагало да издржи. И потоа, сосем случајно, во 2015 година, се судриле со авганистанските талибанци, а Шахбаз успеал да побегне директно во рацете на талибанците. И тоа беше среќна околност бидејќи тие   киднапирање не го користат како начин на војување. Сепак, се уште било прашање дали ќе го убијат или ќе го пуштат на слобода.

- Неверојатно како човекот наидува на хуманост на најнеочекувани начини.

Сепак, не ни можел да се јави на своето семејство, ако не му помогнал еден талибанец, кој случајно му излегол во пресрет.

- Излезе од ведро небо, така наеднаш, што се уште не можам да поверувам дека навистина го ослободиле, изјавила неговата мајка.

Шахбаз вели дека денес ужива со својата сопруга, гледајќи ја својата мајка, одејќи на натпревари со пријателите, дружејќи се со братот и во секој момент од животот.

- Кога повторно се сретнав со моите деца, заплакав прв пат по четири години. И избегав на смртта за да можам да го славам споменот на мојот татко, заклучува тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби