Најголемата закана во 21 век: Се создава класа на бескорисни луѓе

Бил Гејтс неодамна препорача пет книги кои секој би требало да ги прочита, а една меѓу нив беше и книгата Sapiens: A Brief History of Humankind. Основачот на Microsoft и најбогатиот човек на светот, открива дека книгата на историчарот Јувал Харари ги поттикнала него и неговата сопруга Мелинда на бројни дискусии.



Најинтересен дел се однесува на контроверзната тема за која веќе долго време расправаат бројни научници, технолошки новинари и футуролози како што е Реј Курцвајл – подемот на роботи и вештачката интелигенција, односно што ќе си случи кога роботот ќе го достигне и ќе го надмине нивото на човечката интелигенција. Некои веруваат дека тоа е позитивна работа бидејќи ќе имаме повеќе време за себе, додека роботите ќе ги извршуваат работите кои денес ги работаат луѓето, додека други стравуваат од масовна невработеност, па дури и закана за целото човештво бидејќи роботите би можеле да не доживуваат како закана, поради што би се потрудиле да не уништат.



Харари во новата книга го спомнува создавањето на „класа бескорисни луѓе“, што за него е една од најголемите закани во 21 век. Тоа се луѓето кои поради роботите и вештачката интелигенција ќе останат без работа или никогаш нема да може да се вработат, а со оглед на динамичните промени на работата на пазарот и технологијата, како и се поголемиот напредок на роботите, никој нема да знае кои вештини би требало да се стекнат за време на животот бидејќи работите кои луѓето ги учат и за кои се образуваат може да станат неважни додека наполнат 30-40 години. Авторот смета дека намерно го употребил зборот „бескорисни“ мислејќи на нивната бескорисност во политичка и економска, а не во морална смисла.

Ако луѓето бидат невработени и немаат никаква перспектива, ќе се чувствуваат безначајно и нема да имаат причина за да станат од кревет, смета авторот и додава дека државата може да го реши тој проблем ако ја контролира среќата и задоволствата на луѓето преку лекови и виртуелни светови. Човечката раса поради тоа би можела да се претвори во невработен народ без никаква цел, кој деновите ќе ги поминува пиејќи лекови и носејќи очила за виртуелна реалност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби