Интернет за сончевиот систем

Со сè повеќе инвестиции и иновации во областа на истражување на вселената, како и со планираните колонии на Месечината и мисии кон Марс со човечки екипаж, ISS (International Space Station), 20 години старата вселенска станица, има потреба од некакво обновување. И ќе го добие – во вид на нова технологија дизајнирана да формира основа на мрежа во стилот на интернет мрежата, која би се протегала низ нашето космичко соседство.

Технологијата е наречена DTN (Delay/Disruption Tolerant Networking) и всушност претставува интернет за сончевиот систем.



Традиционалните интернет протоколи бараат сите јазли со податоци во патеката на пренос да бидат достапни во ист временски рок (значи да се препраќаат одеднаш), додека DTN функционира така што овозможува автоматски и сигурен систем на „зачувување и препраќање“ на (расцепканите) пакети со податоци еден по еден, кои повторно се „составуваат“ кога ќе пристигнат на финалните дестинации - станици на Земјата, роботски летала во вселената, па дури и (можни) колонии на други планети.

Ваквиот начин на испраќање на податоци е одличен во вселенски услови, бидејќи дури и некоја планета или вселенски објект привремено да ја блокира комуникациската рута, пораката во секој случај ќе биде испратена и примена.

ISS ја додала DTN технологијата во нејзиниот Telescience Resource Kit, каде што е достапна за јавноста во облик на Open-source код. Според NASA, ова може да е прв чекор во евентуалното формирање на интернет наменет за целиот сончев систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби