Проституцијата како работа: Како изгледа продажбата на секс во Лондон?

Во Британското општество, за прв пат проституцијата била прогласена за илегална пред 200 години, а денес бројни општества вклучувајќи ги и Велика Британија и Велс, планираат повторно да ја озаконат. Најчест мотив за тоа во земјите во кои проституцијата е веќе легализирана е искоренување на црниот пазар, како што е трговија со жени, но и заработување на земјата преку плаќање на данок, овозможување на здравствено осигурување на проститутките, како и заштита на работничките права и сигурност на луѓето кои се занимаваат со таа работа. Во Германија проституцијата е легализирана во 2001 година, а во првите 10 години забележано е намалување на трговија со луѓе за 10%, во Нов Зеланд пет години по легализацијата подобрена е здравствената состојба на сексуалните работници, а нивниот број не е зголемен.



Таму каде што проституцијата не е легализирана, сексуалните работници често се приморани на секс без заштита, а државите кои ја легализирале може да воведат со закон да се користат кондоми, како и редовно да се тестираат секс работниците на полови болести.

Се претпоставува дека и во Лондон денес работат околу 32.000 секс работници, а некои од нив ја споделуваат и својата приказна.

Пат во пропаст

Џени Мекалф изјавила дека своето тело почнала да го продава во 2004 година на што ја натерало поранешното момче. Тоа време работела како актуар, борејќи се со трошоците за гледање деца како самохрана мајка и плаќајќи ја хипотеката на куќата. По лошиот брак и низа не така добри врски, завршила со некој кој добро се однесувал со неа, но бил заинтересиран за БДСМ – садо мазо игри во сексот кои опфаќаат доминација, врзување, субмасивност, садизам и мазохизам.

- Очајнички ми требаа пари. Сметав дека со проституцијата ќе се занимавам како со вистинска работа со ладен пристап, изјавува Џени која денес има 47 години.

Нејзиното поранешно момче на почеток договарал клиенти, а клиентите ги посетувала дома или во хотел.

- Не бев традиционален тип на ескорт. Бев многу слаба, со рамни гради и кратка коса, поприличен детски изглед. Но, се огласував за БДСМ услуги, па тоа беше факторот поради кој ме бараа.



Наскоро почнала рекреативно да користи дроги со цел полесно да се носи со психичките последици, а по пет години во секс индустријата, сфатила дека сака да излезе. За тоа бил пресуден момент кога еден клиент ја чувал во вистински кафез и се трудел да ја камшикува преку решетки. После ова стресно искуство и викање од нејзина страна по неколку часа клиентот ја пуштил, а таа веќе не сакала да го види никогаш повеќе.

Најлошо и паднала идејата дека нејзината контрола и ладнокрвност во работата исчезнала, а истовремено почнала да се мрази. Исто како и девојките кои работат на улица, пред да оди кај клиентот одела до дилер, но наместо да купува марихуана за 10 фунти, купувала кокаин од 200 фунти. Ситуацијата и станала неиздржлива, не можела да ја плати хипотеката, ја изгубила својата куќа заедно со трите деца, мачката и се што поседувала.

По обидот за самоубиство со земање голема количина алкохол и дрога, Џени запознала момче кој најпосле и станал маж, а чие трпение и помогнало да се тргне од тој пекол и да се промени. Еден ден се разбудила со мисла дека сака да работи со секс работници кои имаат проблеми со зависност и почнала да волонтира во разни здруженија, а наскоро се истакнала како работничка со највисоки резултати. Секоја вечер излегувала на улица за да им помогне на жените кои работат како проститутки. Обично наплатуваат 25 евра за секс со комплетна услуга, но понекогаш цената паѓа и на мизерни 5 евра. Им нуди топла облека, храна, презервативи, ги носи на бесплатен лекар..



- Се борам за тие жени, тие се како јас што бев некогаш. Ги почитувам како личности и гледам дека може да се многу повеќе од тоа што се сега.

Постојат и оние кои сакаат да го работат тоа

Иако смета дека на повеќето од нив треба да им се помогне, тврди дека постојат и оние кои се сосема задоволни со својата работа. Тоа го потврдила и жена под псевдонимот Алис, која некогаш работела како водителка на проект за голема владина организација. Со проституцијата почнала да се занимава пред седум години. Некој пријател и кажал за интернет страница која се занимава со ескорт, додека неа и требале пари. Сега им продавала секс на мажи, жени и парови, како и на постари лица со инвалидитет. Ја смета интимноста и контактот кожа со кожа за природен, биолошки начин кој прави да се чувствуваме добро.

- Не можев да поверувам дека толку добро ќе заработувам, а истовремено ќе уживам во сексот, моето омилено хоби. Иако оваа работа има многу предрасуди, клиентите се обично драги и обични луѓе. Не ми треба спасување, смета Алис.

Повеќето нејзини пријатели, семејството како и партнерот кој го опишува како „љубовта на својот живот“, ја прифаќаат нејзината работа, иако на почетокот биле загрижени за нејзината сигурност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби