Направете некои измени во домот и заработете повеќе

Фенг Шуи е древна кинеска вештина која верува дека поедини аспекти во животот можете да ги унапредите или уназадите во зависност од распоредот на работите во просторот. Ако сакате да ја зајакнете вашата финансиска ситуација, пробајте во својот животен простор да ги направите овие измени:

Декорирајте со боите на богатството



Бојата може да има големо влијание на вашето расположение. Црвената се смета за многу моќна боја, па нека не ве чуди што славните личности чекорат токму по тепих во оваа боја кога одат на некои премиери. Ако сакате да привлечете пари во својот живот декорирајте со црвена, зелена или виолетова боја, кои се всушност боите на богатството.

Но, постои исклучок. Ако не ја поднесувате црвената или виолетовата, тие нема да ви бидат среќни бои како средство за привлекување пари во животот. Фенг шуи не е само распределба на предмети, туку и складна рамнотежа помеѓу вас и просторот во кој го поминувате вашето време.

Не користете симболи на вода во домот

- Протекувањето на цевки се знак дека парите ви се лизгаат од раце, вели фенг шуи консултантот Карен Рауч Картер.

За да ја зголемите вашата сметка во банка, треба да ги поправите сите цевки во домот, но и да ја стагнирате водата која капи од било кое дупче. Карен советува и да ги избегнувате ликовните дела со елементи на вода, особено во спалната соба и да не поставувате огледала на места повисоки од вашиот нос.

Одгледувајте повеќе билки



- За да просперирате во животот, важно е во својот дом да креирате жив, здрав и инспиративен простор без неред, предупредува фенг шуи експертот Лаура Бенко.

Нередот се смета за слободен проток на енергија, поради што е причина зошто луѓето се мрзливи. Животната сила најдобро е да ја зајакнете со билки и цвеќиња, но и редовно проветрување на сите простори. Фонтаните се симбол на пари и богатство, па ако имате простор во вашата градина и средства на располагање, размислете за овој украс.

Ослободете се од старите работи

За да заработите пари, некогаш ќе мора да се ослободите од старите работи кои никогаш не ги користите. На пример, сигурно во некоја кутија чувате стари далечински управувачи, облека која веќе не ви е точна и слични предмети кои не му служат на никого. Ако нешто не користите најверојатно тоа не ви е ни важно, ниту пак потребно. Креирајте слободно место во домот и ослободете простор за нова енергија, која ќе ви донесе просперитет.

Чиста кујна



- Вашата кујна директно е поврзана со вашата можност на привлекување пари, вели фенг шуи консултантката Сузан Мецгер.

Важно е да ја одржувате работната маса и фрижидерот, во кој треба постојано да има свежа храна. Шпоретот мора да биде чист, а секоја рингла да работи. Ако сакате да ја подобрите финансиската ситуација, погрижете се трпезариската маса секогаш да биде беспрекорно чиста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби