Sealander е изумот кој долго време го чекавме. Се работи за камп приколка која е одлична за оние кои уживаат во кампувањето, но не би имале ништо против да пловат малку низ вода.
Иако со скромна големина, Sealander има практичен и функционален дизајн кој е наменет за релаксација. Со максимална брзина на движење од 10км/час по површина на водата, не е наменет за подолги патувања на море, туку за туристичко уживање на мирни води.
Негов конструктор е германскиот дизајнер Даниел Страуб, а за да го купите потребни ви се 15.300 евра.