Харли и Дејвидсонови- приказна за легендарниот мотоцикл

Почетокот на XX век, двајцата најдобри пријатели Бил Харли и Артур Дејвидсон, во Милвоки го изградиле својот прв мотоцикл. Откако им се придружил и постариот брат на Артур, Валтер, тројцата ја основале легендарната компанија Харли-Дејвидсон.

Успеале да ја надминат конкуренцијата, трагедиите на тркачките патеки, да ја преживеат големата економска криза за во 1936 го создадат супер мотоциклот кој со своето постоење ќе го потврди нивното пријателство и веродостојноста и издржливоста на истите. Патот на тројцата пријатели ќе ја дефинира компанијата за идните генерации и на најдобар можен начин ја изразува американската подготвеност на ризик и желбата за слобода.

Долгоочекуваната мини серија на Дискавери каналот, „Харли и Дејвидсонови“, премиерно ќе се прикаже во недела, 18 септември во 22 часот. Серијата се состои од три двочасовни дела, а второто и третото продолжение се на програмата на 25 септември и 2 октомври во истото време.

Харли-Дејвидсон е повеќе од мотоцикл и патот до успехот на тројцата пријатели Валтер, Артур и Бил не бил лесен- исполнет со безброј препреки, немилосрдна конкуренција и ризик. Трите момчиња, синови на имигранти од работничката класа, вложиле сè што имаат за да го осигураат опстанокот на компанијата која ја основале. Но, колку далеку биле спремни далеку да одат за да го остварат американскиот сон?

„Тоа е возбудлива вистинска приказна кој совршено одговара на Дискавери каналот“, рече Рич Рос- претседател на групацијата Дискавери, Анимал планет и Сајанс каналот. „Тоа е приказна за братството, силната желба за успех и борбата против конвенционалните норми на тоа време. Основачите на Харли-Дејвидсон имаат создадено повеќе од мотоцикл. Тие го имаат создадено првото модерно претприемништво.

Заснована на вистинска приказна, серијата „Харли и Дејвидсонови“ го прераскажува раѓањето на овој култен мотоцикл во време на големи друштвени технолошки промени на преминот во ХХ век. Валтер, Артур и Бил го имаат ризикувано целиот свој имот и живот за да ја покренат својата компанија. Секој од нив се има соочено со различни предизвици, а мотоциклот ги обединува нивните соништа и амбиции. За Валтер Дејвидсон овој потфат е прилика за бегство од ограничувањата на општеството, можност да ги игнорира правилата и да создаде „ѕверски“ мотоцикл кој може да отиде секаде. За Артур Дејвидсон, тоа е прилика за конечно да го прослави своето име, а за Бил Харли мотоциклот претставува осамостојување и можност конечно да го примени својот инженерски талент.

Изградени во гаража во Милвоки, овие мотоцикли ги преживуваат сите услови кои може да ги замислите. Валтер ги тестирал на сите можни начини, а неговата амбиција го тера да се натпреварува и стане врвен тркач во некои смртоносни трки. Несоборливиот т дух на Валтер го прослави Харли-Дејвидсон и ја протурка компанијата до точка да го престигне својот главен конкурент.

Генијални и иновативни, основачите на Харли-Дејвидсон се соочиле со многу поголеми ривали, а работите да станат уште потешки, големата економска криза ја погодила и мото индустријата. Но, Харли-Дејвидсон продолжил да пркоси на околностите со своите однапред осмислени идеи.

Серијата „Харли и Дејвидсонови“ го следи постојаниот раст на основачите за своите верни следбеници како никој друг конкурент- без разлика дали е во прашање договор со американската војска или пак ги подучува возачите како да ги направат поправките во мото клубовите ширум Америка.

Валтер, Артур и Бил го создале Харли-Дејвидсон со репутација на „опасен“ мотоцикл со кој може да отидат било каде и ги игнорираат сите правила. Тоа е наследство кое преживеало повеќе од 100 години и е во срцето на брендот и на неговите верни возачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби