Уметностите - духовна храна за секоја личност

„Џолев и уметностите“ е школа за уметност, којашто веќе петта година по ред креира и организира програми во вид на академии, обуки и работилници од областа на уметноста и науките блиски на уметноста: филм, театар, дизајн, фотографија, сликарство, вајарство, литература, психологија, филозофија и естетика.

Од „Џолев и уметностите“ ја најавуваат својата десетта сезона, каде што веќе се започнати уписите за четири програми:

- Обука за филм и филмски актер

- Курс по фотографија

- Курс по сликање

- Предавања по психологија

- Нема сомнеж дека уметноста е наменета е за секого! Тоа е духовната храна за секој човек. Уметноста е таа којашто ќе ни дозволи да ја развиеме нашата имагинација и креативност, таа е она што ќе ни дозволи да згрешиме или да го разбуди повторно љубопитното дете во нас. Уметноста е просторот каде што може да се релаксираме, односно да ја препознаеме нашата дарба и страст, а со тоа да ги поставиме темелите на нашата професионална определба, вели Дејан Џолев, основачот на оваа неформална образовна иницијатива, притоа објаснувајќи го прашањето за кого се наменети овие програми и кои најчесто ги посетуваат.

- Денес е привилегија да си во допир со уметностите. За жал, образовниот систем негува поинакви вредности, додека нашиот став за развојот на секоја идивидуа без разлика на професионалната определба е дека би требало да е активен во разновидноста на уметничките медиуми. Колку би било подобро еден професионалец од ИТ-индустријата да се занимава со фотографија како хоби, или пак економист да се обиде во актерството, уметност што е многу повеќе од кажување на вицеви, а всушност за мене лично, тоа е една од најкоплексните интелектуални медиуми што се занимава со психологија, естетика, литература или развој на интелектуалните и физичките способности на секој човек. Или, колку е важно еден средношколец да се обиде да им докаже на своите родители дека има и поинакви способности во себе, или пак возрасна личност која никогаш немала можност да се занимава со уметност, а носи во себе една романтична желба уште од своето детство. И секако, да не заборавиме на самите уметници на кои еден ваков вид на образовни програми би требало да им биде честа практика, додава Џолев.

Од „Џолев и уметностите“ најавуваат нови искуства, нови пријатели, многу забава, чоколадо со лешници и мирис на ванила. За повеќе информации, контактирајте ги на официјалната фејсбук-страница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби