Што заклучивме од претседателска дебата во САД: Клинтон го победи Трамп?

Синоќа целата Америка беше пред своите телевизиски екрани, бидејќи се одржа најголемата дебата на сите времиња, помеѓу ривалите Хилари Клинтон од Демократската партија и Републиканецот Доналд Трамп.

 

Сите посакуваме дебати од овој тип помеѓу двата кандидати на најголемите политички партии, но кај нас тоа се случило само еднаш. Сега, со оглед на тоа дека се закажани избори за декември, многу добро би било доколку се одржи дебата со цел луѓето да одлучат кој е подобар кандидат и за кого би го дале својот глас.

Но, дотогаш, да се вратиме на американската дебата, во која според многумина победи Хилари. Тие разговараа на различни теми од трговска политика, преку даноците на Трамп, па сè до решението со Иран.

Трамп успеа да победи во три добри теми, меѓу кои за NAFTA, проблемите во Средниот исток и историјата на Хилари со лошото и лудо искуство во јавниот живот. Но, тој не можеше да се контролира секогаш кога демократката го напаѓаше со многу добар план.


Кога таа собра доволно самодоверба, го нарече расист и сексист, со оглед на неговото однесување во последните неколку месеци. Некои сметаат дека таа дури и претерала, но до крајот на дебатата, Трамп не беше кандидатот за кој повеќето би гласале.

Кога водителот Лестер Холт на крајот стана поагресивен, дебатата изгледаше само како една вежба за да се тестираат познавањата на Трамп и неговите настапи во најголемите моменти од кампањата. Тој не успеа добро да се снајде со прашањата од противничката кои опфаќаа: зошто тој не ги објавил даноците, можностите и дилемите околу Афроамериканците, историјата со неговиот бизнис и улогата на Русија во хакирањето на Америка. Сепак и плесна во фаца на Клинтон дека ќе објави за неговите даноци, кога таа ќе ги објави сите 33.000 избришани мејлови.

Хилари пак од друга страна, призна дека многу се подготвувала за оваа дебата и тоа и служело како тест за колку би била подготвена и како претседател. Успеа успешно да му се пикне на Трамп под кожа, со што започна да му се обраќа само по име, па потоа да го удри право по неговите даноци. Многупати направи Трамп да каже дека се согласува со неа, што за еден претседателски кандидат и не е така добро, кога само се согласуваш, без да образложиш. Исто така, го потсети Трамп дека тој е само еден добар бизнисмен, за разлика од неа која има огромно искуство во политиката како државен секретар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби