Револуција во авионските седишта: Доаѓа ли ерата на стоење и двојни нивоа?

Веста дека неколку буџетски авиокомпании ќе воведат опции за седишта само за стоење дојде како шок за многумина кои редовно патуваат со авион.



Поставените седишта во стилот на велосипед ќе им овозможат на патниците да се наведнуваат под агол без целосно да седнат и би можеле да бидат воведени веќе во 2026 година.

Сепак, седиштата само за стоење не се единствените необични седишта за авиони за кои што на големо се зборува во последните месеци.

Во февруари, Airbus откри дека соработува со шпанскиот стартап, Chaise Longue, на седиште за авион на два ката. Концептот има еден ред седишта на подигната платформа, проследен со еден ред на нормално ниво.



За патниците на горниот дел, грижата за спуштање на седиштето ќе биде минато, без никој директно зад нив да се пожали за тоа. Во меѓувреме, патниците на долниот дел би можеле да ги истегнат нозете повеќе, па дури и малку да ги кренат, благодарение на дополнителниот простор под столчето напред.

Сепак, идејата се покажа контроверзна меѓу корисниците на социјалните медиуми, кои сметаат дека оваа положба ќе биде мошне непријатна со оглед на тоа дека многу патници имаат лоша навика да испуштаат гасови додека патуваат во авион.

Концептот на двојни нивоа е дело на Алехандро Нуњез Висенте, извршен директор и основач на Chaise Longue, кој рече дека неговата фирма истражува „концепти во рана фаза“ со Airbus.

-По 4 возбудливи години остварување на мојот сон за подобрување на искуството на патниците и давање на патниците она што навистина го заслужуваат, денес сум многу возбуден што го објавувам ова, рече Висенте во објава на LinkedIn.

Според него започнува нова ера за комерцијалната авијација и наскоро патниците ќе можат да патуваат на поудобни, пространи седишта на две нивоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
По оперативниот зафат, лекарот доаѓа да ја посети славната пациентка, а таа веднаш го прашува:

- Докторе, што мислите како сум?
- Добро, добро, те. супер!
- А што мислите -...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1624.- Роден е полскиот крал Јан Трети Собјески,...
1584.- Католичките држави во рамките на светото...
1740.- Роден е францускиот писател Донасјен...
1789.- По донесувањето на американскиот Устав со...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби