Нашите северни соседи паднаа во замката на големите задници. Во Белград и во Нови Сад продавниците се преполни со гаќи кои имаат перничиња на задникот кои визуелно треба да ја зголемат позадината.
-Во последните месец дена има огромна побарувачка. Моравме да го зголемиме асортиманот. Прво имавме само еден тип на гаќи, а сега имаме дваесетина. Се разликуваат по дебелината на силиконите, дали се со висока или ниска половина, каков им е дезенот и бојата, вели една продавач.
Цената им се движи од 500 до 1000 српски динари, а доколку сакате комплетно да изгледате како песочен часовник, можете да купите и силиконски градник, со кој ќе го зголемите деколтето.