ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА

Најголеми и најскапи проекти во светот

1) Интернационалната Вселенска Станица (ISS) - $150 милијарди потрошени од 2010год.

Најскапото нешто што е изградено било кога е ISS, која моментално орбитира околу Земјата на 300km височина. Моменталната експанзија е проценета на нови $60 милијарди, а од 2020-та се очекува трошоците да стигнат до $1 трилион.

2) Al Maktoum интернационалниот аеродром - $82 милијарди

Дубаи е познат по големите градби, а овој аеродром кој е отворен во 2010, а треба да биде целосно комплетиран во 2018, ќе биде најголем во светот, и во поглед на големината и во бројот на патниците кои што ќе може да ги прими. На него во секое време ќе можат да престојуваат 200 летала, да слетуваат по 4 истовремено и да се справува со над 160 милиони патници годишно.

3) Проект за трансфер на водата од југ кон север - $78 милијарди (од 2014)

Рокот за изградба на овој проект е 48 години и вклучува изградба на три огромни канали, секој долг по околу 1000 километри, со цел преку канали да се прави трансфер на водата од реката Yangtze до индустрилизираниот северен дел на Кина каде што живее 50% од популацијата.

4) Калифорниски брз железнички систем - $70 милијарди

Железнички систем кој ќе овозможува патување со големи брзини и ќе се протега по должина од 1300km, ќе ги спојува Сан Франциско со Лос Анџелес. Ќе има 24 станици и ќе користи електрични возови кои ќе се движат со брзина до 320км/ч. Неговата конструкција започнала 2015-та, а комплетирањето на проектот се очекува да биде завршено во фази, до 2030-та год.

5) Dubailand – $64 милијарди

Уште еден мегапроект во Дубаи – комплекс кој ќе се протега на површина од 278km2 и треба да биде отворен во 2025-та. Ќе се состои од тематски забавни паркови, спортски центри, еко-туризам, научни атракции, хотели (вклучувајќи го и најголемиот во светот со 6500 соби), и трговски центар со површина од 3 милиони метри квадратни.

6) London Crossrail проект – $23 милијарди

Лондоската железница е во процес на додавање на тунели со должина од 42km, кои ќе спојуваат 40 станици. Конструкцијата е започната во 2009, првата нова пруга ќе се отвори во 2018, а сите останати ќе бидат во функција до 2020.

7) Beijing Daxing интернационален аеродром - $13 милијарди

Овој проект е почнат во 2014, а отворањето на аеродромот е закажано за 2025. Ќе се состои од 7 писти и терминал дизајниран од Zaha Hadid низ кој треба да поминуваат над 100 милиони патници годишно.

8) Jubail 2 - $11 милијарди

Индустрискиот град Jubail во Саудиска Арабија е изграден во средината на 70-тите, а втората фаза од неговата доградба е започната во 2014 и треба да заврши во 2024. Кога ќе биде завршен, ќе се состои од 100 индустриски постојки, една од најголемите постојки за десалинација (прочистување на вода) во светот, рафинерија низ која ќе поминуваат 350 000 барели нафта дневно, и километри патишта и пруги.

9) Hong Kong – Zhuhai – Macao мост - $10.6 милијарди

Оваа 50km долга врска ќе се состои од серија мостови и подводни тунели кои ќе ги поврзуваат трите големи града во Кина. Проектот е започнат во 2009 и по првичните планови требало да заврши до 2016, меѓутоа разните одложувања го поместија датумот на отворање за 2021-ва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби