ДАЛИ Е ПОДОБРО МЕСТО?

Како се промени светот во последните 15 години?

Се ближи крајот на годината и сега е идеално време да резимираме што се случуваше во изминатите месеци, на што може да сме горди и што може да очекуваме во иднина.

Ако се вратиме пак 15 години наназад, ако застанеме само на еден момент и ако погледнеме што сè се променило, колку се развила технологијата или пак автомобилската индустрија, сигурно ќе си го поставиме клучното прашање: Дали светот стана подобро место за живеење? Проценете самите.

Патиките повторно се вратија на модната писта



По долги години, патиките повторно се вратија на модната писта. Уште од 1984 година, кога ги претстави Gucci, па се до 1996 година кога ги претстави модната куќа Prada, во новиот век спортската облека стануваше сè позастапена кај речиси сите дизајнерски имиња. Сè започна кога Addidas склучи соработка со Џереми Скот и Јохи Јамамото, а првите модели ги прикажаа во 2002 година. Во 2009 година, модната куќа Luis Vuitton прва се сети да вклучи личност од јавниот живот за развој на дизајнот. Токму тие се главните виновници што Каније Вест започна да работи на сопствена линија на чевли и денес е горд „сопственик“ на едни од најбараните патики во светот. Во 2013 година дизајнерот Рик Овенс својата естетика ја пренесе и на патиките, а следната година истото го направи и Раф Симонс, кој патиките ги вклучи во своето couture show на модната куќа Dior.

Браќата Ваховски станаа сестри



Енди и Лери Ваховски стојат зад популарниот блокбастер „The Matrix“, а снимаат и убави научно фантастични филмови како што се „Speed Racer“ и „Jupiter Ascending“. Во 2012 година, Лери изјави дека го промени полот бидејќи отсекогаш се чувствувал како жена заробена во машко тело, а неговиот брат го направи истото во 2016 година. И така Лана (Лери) и Лили (Енди) станаа сестри. Лана се залага за трансродовите и беше заштитно лице на кампањата на Марк Џејкобс оваа пролет, додека пак Лили се уште се навикнува на новата „улога“.

Што се случи со Бијонсе?



Бијонсе влезе во нашите животи преку групата Destiny Child и песната „Survivor“ која се слушаше во секој дом. Во 2003 година, девојките почнаа со соло кариери, а Бијонсе тогаш го запозна сегашниот нејзин сопруг, Џеј Зи. Нивната прва песна „Crazy In Love“ стана светски хит и симбол на новата доба на пејачката. Во 2008 година, Бијонсе веќе стекна полноправен статус на дива. По објавување на песната „Single Ladies“, г-ѓа Картер се претвори во Queen B. Влијанието и славата на Бијонсе толку многу се прошири што беше ангажирана од стана на Барак Обама. Оваа година по две години одмор, Бијонсе го објави нејзиниот нов албум „Lemonade“ заедно со видео албум со скапа продукција, во кој пее за обичната жена, кралиците на сцена, политичарките и социјалните активистки.

Мобилните телефони станаа паметни телефони



Човештвото влезе во 21 век со црно-бел екран на телефонот, иако во тоа време веќе бил измислен екранот во боја, дури и екранот на допир, поддршка за MP3, па дури и 3G, само што не беа достапни за потрошувачите. Да се потсетиме само на моделот на Nokia со екран во боја и камера од 0.3MP. Во 2004 година, истата фирма го произведе моделот Communicator 9500, кој веќе ги имаше основните поднесувања на модерните паметни телефони: екран во боја, музички плеер, Bluetooth, мобилен интернет, а како главен новитет и поврзување на Wi-Fi. Во 2007 година, револуција во светот на мобилните телефони направи Apple – фирмата која го создаде iPhone. Конкурентските фирми побрзаа со изработка на сличен мобилен телефон и по година дена излезе смарт телефон со Android оперативен систем и така започна борбата за превласт.

Што се случи со ТВ уредите?



По големите ТВ кутии, кои и ден денес будат носталгија, почнаа да се појавуваат тенките LCD екрани, што освен по естетската убавина, обезбедуваат и квалитетен пренос на слика. Со OLED кој се појави во 2012 година, LG го претстави првиот светски ТВ. Технологијата овозможи да се гледа ТВ од кој било агол, без губење на квалитетот, со помала потрошна енергија. Во 2016 година, ТВ уредот не пренесува само сателитски сигнал, туку и емитирањето го пренесува преку интернет со помош на паметен телефон наместо со далечински управувач, а може да прикажува дури и 3D филмови.

Како се изгради Дубаи?



Кој би помислил дека тој регион, кој пред многу години бил прекриен со мочуришта, денес би бил еден од најразвиените региони? Во 2002 година, токму Дубаи му покажа на светот што сè може да направи. Почна да ги прима првите приватни инвестиции за развој на урбана инфраструктура. Изградбата на луксузни хотели, ресторани, забавни центри и работни канцеларии, направија градот да расте и да се трансформира многу брзо. Во 2008 година, се отвори Emirates Mall – најголемиот трговски центар, кој привлекува безброј туристи. Потоа се случија Jumeirah gardens, па Burj Khalifa, највисоката зграда на светот. За само 15 години, малата празна „дупка“ се претвори во вистински бисер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби