ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Додека сексот не нè раздели?!

Влегувам во канцеларија и ги слушам колешките како разговараат за синоќешниот секс со нивните мажи. Се качувам во автобус и ја слушам девојката како го заведува нејзиното момче на другата страна од мобилниот телефон. Ми ѕвони другарка ми да ми каже дека вечерва излегува трет пат со момчето кое толку многу ѝ се допаѓа, па веднаш ја прашав: Дали вечер ќе се случи нешто повеќе?



Сексот е тема која сите ги засега. Некој за тоа зборува поотворено, а некој посрамежливо. Се додека ја контролираме таа желба, сексот е добар за секого. Сепак, некогаш не треба толку многу да ја контролираме како што тоа се случува во брак. Многу парови, кои што мислат дека целиот живот ќе го поминат во брачна заедница, се разделуваат токму поради недостатокот од секс. Всушност, сексот зазема битно место во сечија љубовна врска.

Дали изреката „додека сексот не нè раздели“ е новото „сè додека смртта не нè раздели“?

Започнуваш да живееш со твојот сопруг кој што го сакаш најмногу на свет! Се радувате на заедничките моменти, купуваш секси долна облека, тој купил превез за очи, бидејќи сака да биде малку доминантен во сексот, а ти не си можела да посакаш подобар сопруг. Хормоните вријат, страстите си ги чувствувате, а искрите ви горат во очи и сите го забележуваат тоа. Да не ве разочаруваме, ама не сте единствени. Сите ново венчани поминуваат низ истиот период, кој различно трае кај сите.



Кога ќе го поминете тој период, следува бременост, дете, друга бременост, друго дете... а во меѓувреме: „Иди ти смени му ги пелените“; „Леле не можам сè јас“; „Пак ќе заглавуваш до доцна на работа?“; „Па сè е на мене останато“... Претпоставувате, нели? Бракот ви се исполнил со караници во врска со домашните обврски и оние околу децата. А каде е вашиот секс? Го имате онака ради-ред и без страсти, без допири, без воздишки? Можеби воопшто го немате?

Не дозволувајте ова да се случи! Немојте да се воздржувате од таа прекрасна сексуална енергија. Бидете одлична мајка на вашите деца, домаќинка пред целото семејство, а сензуален партнер во кревет. Мажите се „програмирани“ различно од жените. Тие не можат да сфатат дека имате многу повеќе обврски од нив и дека навистина сте изморени. Но, признајте дека ако си направите добар план, ќе најдете време и за вашиот маж. Верувам дека сите се согласуваме дека тој најдобро функционира кога е задоволен. Кога се трудите околку него, освен околу децата, ќе живеете во хармонија, а тој ќе ве цени, почитува и повторно ќе се заљубува во вас.



Легнете ги децата и подгответе атмосфера за страсти. Трудете се околу „љубовниот зачин“ и бидете сигурни дека нема да ви избега поради недостаток од секс. Бидете жената која што со гордост ќе ја покажува на своите пријатели кои ќе ги одбива за во кафана, бидејќи знае дека со вас ќе го добие она кое што си го фантазирал долго време. Покажете му дека ја одбрал вистинската за него! Верувајте дека дупло ќе ви врати!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби