Смешни писма од дечиња за Дедо Мраз

Малите дечиња веруваат во Дедо Мраз, па речиси секоја година му пишуваат писмо преку кое си ги искажуваат своите желби и какви подароци сакаат да добијат. Многумина од нив се фалат како биле послушни во текот на целата година, а многумина пак се прашуваат како влегува Дедо Мраз во нивниот дом. Прочитајте ги најсмешните писма:



Дедо Мраз,
Сакам да ти кажам дека сум добро. Не знам дали можеш да ме претвориш во змеј или пак во милениче змеј. Што и да направиш, сакам да сум змеј.
Имај среќен ден,
Елиша


Драг Дедо Мраз,
Бев многу добар во текот на целата година. Донеси ми многу подароци:
1. чоколади
2. плишени играчки
3. сѐ и сешто



Дедо Мраз, јави му се на тато, тој ја има целата листа на подароци.


Дедо Мраз, сакам телескоп. Како се симнуваш низ оџакот?


Дедо Мраз,
Ако носиш играчки со батерии, донеси и батерии.
Д.К.



Драг Дедо Мраз,
Вистински ли си? Мислам дека си. Како си? Мислам дека си добро. Не треба да ми носиш подароци, бидејќи татко ми ќе ми подари нешто. Мислам дека не е добро да те викам дебелиот старец. Но, дебел си.
Џоли



Дедо Мраз,
Здраво јас сум Дивен и сакам да знам дали навистина постоиш. Јас верувам во тоа, но моите пријатели не. Па може ли да ми подариш потпишана слика од тебе или нешто друго. Те молам, многу те молам прати ми твое ѕвонче и твоја слика. Аххх, а дали навистина си дебел? Дали држиш диета? Те молам одговори ми за сѐ што те прашав. Напиши ми писмо.


Драги еленчиња,
Загрижен сум дека во куќата на мајка ми не е доволно голем оџакот и дека Дедо Мраз ќе се заглави. Дали може да ми помогнете?


Дедо Мраз, сакам долга коса од половина метро и вистински елен. И сите други подароци подари ми ги мене.

Дедо Мраз,
Како си ти и елените? Јас сум добро. Сакам нова игра и фудбалска топка, бидејќи помалиот брат постојано ми ја краде, можеби изгледа слатко, но тој е вистински ѓавол. Исто така сакам и камион кој се управува со далечинско.
Со љубов, Еван.
П.С. Како влегуваш кај мене дома?




Дедо Мраз,
Овој Божиќ сакам една работа. Татко ми има лош тумор на мозокот. Ако може, да го излекуваш и тој да се чувствува подобро? Јас ќе бидам најсреќното момче на светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби