КОИ СЕ СКРИЕНИТЕ ЖЕЛБИ?

Што посакуваат Македонците да се промени во новата година?

Изминатава година беше година исполнета со многу подеми и падови кога се работи за нашата земја. Имаше многу протести, контра-протести, безброј мислења, кои ги поделија луѓето на сини и црвени, на патриоти и предавници, а всушност, сите си ја сакаме нашата Македонија, бидејќи токму таа ни е единствено место на кое сакаме да живееме. Никој не сака да се оддели од својот дом и од својата татковина.



Се соочивме и со парламентарни избори, кои се клучни за да помине оваа криза, но се уште „стоиме во воздух“ и не знаеме што ќе биде понатаму. И токму на пресекот помеѓу старата и новата година, решивме да ги запрашаме граѓаните на нашата земја, какви промени очекуваат да има во 2017-та година?

- Во Македонија сакам да се смени општата ситуација, и кончено да се види некоја перспектива на политички и економски план. Крајно време е да тргне државата по патот на просперитетот и економскиот развој, што на сите нас ќе ни донесе поубав живот, а за тоа да се случи мораме сите ние да допринесеме на овој или оној начин - Марко, 38 години

- Во државата е речиси сè добро, само мора да се подобри здравјето - Мартин, 23 години

- Сакам луѓето да се почувствуваат послободни - од секој аспект! И да можат да кажуваат што сакаат без да се плашат, да можат да се активираат граѓански без да се грижат за работното место, да можат да отворат бизнис без да се плашат дека некој ги демне и сака да ги казни или да ги затвори. Генерално, очекувам слобода. Втора подеднакво битна работа е правда. Посакувам правдата да е достапна за секого, секој граѓанин да може да дојде до правда низ институциите на системот - Бојан, 37 години

- Посакувам луѓето повеќе да не се окупираат со туѓите животи, туку да си ги живеат сопствените, никој да не се грижи за мојот приватен живот, без разлика дали правам нешто лошо или добро. Да ме остават мојот живот да си го живеам како што јас сакам, без лоши погледи од колеги, пријатели и познајници, кои си земаат за право да коментираат дека мојот начин на живот е ваков или таков.- Маријана, 40 години



- Би сакала многу подобар јавен превоз, но и поголем број на велосипедисти, со што би се решил и проблемот со загадувањето на воздухот - Емилија, 28 години

- Сметам дека оваа година, треба да се рушат спомениците, па од топењето на материјалот да се дадат парите на сиромашните. Бидејќи доаѓам од Повардарието, сметам дека мора да се реши проблемот со откупот на грозјето, но и загадувањето на воздухот - Бранка, 21 година

- Владата мора да се ангажира повеќе за да им помогне на сите семејства на кои им е потребна помош - Горан, 25 години

- Би вовела најригорозни казни за силувачите - Дани, 18 години

- Сметам дека Македонија конкретно има проблем со менталитетот, нормално дека во секој народ има некои лоши страни, но македонскиот народ има некој низок начин на размислување и изразување, преку кои се засенуваат и самите интелектуалци. Токму затоа би сакала се промени менталитетот и начинот на размислување, ако тоа е возможно - Ѓорѓи, 34 години

- Најмногу промени треба да се воведат во образованието, бидејќи сметам дека од мали децата треба да се учат на вистинските вредности, морални и културни, но и да им се даде можност да се самоопределат уште во втора година во средно образование. Мора да се подобрат и платите посебно за секоја гранка - Наталија, 44 години

- Мислам дека крајно време е да се легализира марихуаната - Игор, 29 години

- Македонија, мојата Македонија која ја сакам онаква каква што беше порано без напнатости и интриги, без насилство пред сè. Искрено од корен би ја сменила целата политичка гарнитура без разлика на кој блок и да припаѓа. Сакам повеќе забава, повеќе концерти... Би ги вратила старите детски игри со кои сите ние пораснавме и стекнавме доживотни пријателства, а на децата строго би им забранила користење интернет и „електронски играчки“ (смартфони, таблети и сè останато). Повеќе интерактивна дружба, почит и ценење на другарството. А на возрасните би им порачала само ЛУЃЕ ПОМАЛКУ ПОЛИТИКА - ПОВЕЌЕ ДРУЖБА - Радица, 31 година



- Во Македонија би сакал да се промени стилот на живот. Луѓето немаат време да се посветат на пријателите и семејството. Егоизмот е прераснат во стил на живот. Воопшто не ми се допаѓа тоа - Далибор, 23 години

- Во 2017-та би сакала луѓето да бидат помалку себични и повеќе да се посветат за доброто на сите, а не само на своето добро. Мислам дека ако сакаме да одиме напред на кое било поле, најпрвин треба да почнеме од себе, а многу луѓе го прават токму спротивното - Елена, 30 години

- Сакам да им се даде шанса на младите луѓе. Вистинска шанса! Да не мораме да одиме во странство за да си го бараме чарето и да го вадиме лебот далеку од нашите сакани. Стандардот да се подобри и сите да имаат по некој денар плус за да можат да си дозволат нешто повеќе од гола егзистенција - Горан, 24 години

Токму овие мислења се на луѓето кои живеат во Македонија и кои се соочуваат со многу проблеми. Но, она што треба да го запомниме е дека промената почнува од нас самите. Мора да се потрудиме да бидеме најдобрата верзија од себе, за набрзо и другите да го следат нашиот пример. Потрудете се за тоа во новата година, СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби