ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Кога ќе дојде тоа фамозно „утре“?

Она што ќе го направиш денес, може се да промени утре - Ралф Марстон

Мили мои, со која мисла се разбудивте утрово? Дали помисливте што е она што сакате да го добиете? Можеби си направивте мал план за денешните обврски или пак само срипавте и немавте време на ништо да мислите?

Многумина од нас посакуваат некои работи и помислуваат на тие работи во текот на денот. Сакаме покачување на плата или подобра работа, нов автомобил или подобра опрема, подобри односи со нашето семејство или нов партнер... Желбите ни немаат крај. Постојано се стремиме кон нешто и често сонуваме со отворени очи каков би ни бил животот кога би ни се исполнила најголемата желба. Знаеме дека ќе ни се сменат многу работи и сакаме што поскоро да го почувствуваме тоа на наша кожа.



Но, дали доволно се трудиме за да се случи токму тоа што го сакаме? Со целото срце ја посакуваме желбата, а не правиме ништо за да ни се исполни. Како сакаме да постигнеме нешто, ако единствено што правиме е тоа што викаме дека од утре ќе започнеме со менување на некои работи... Не, ај не од утре, туку од понеделник. Кога ќе дојде тој фамозен понеделник? Сигурно поминале многу понеделници додека да дојде оној вистинскиот, во кој ќе се решите дека е крајно време да направите чекор понапред. Најверојатно и тоа не ни било понеделник, туку бил денот кога сте ги поминале сите граници и сте решиле самите да бидете промената која сакате да ја видите кај себе.

Почнете уште денес! Уште веднаш! Сега, во овој момент! Токму овој миг е вистинското време. Не чекајте друг ден. Утре ќе бидете со нови мисли, со нови обврски и со нови желби. Започнете да ја исполнувате вашата цел уште денес, за утре да може да си поставите нови цели. Кога самите ќе се уверите во фактот дека само вие можете да си помогнете, ќе сфатите и многу други работи. Но, пред сè, ќе го замолчите она мало гласче во вас кое што зборува дека не можете ништо да направите, дека вие сте губитник, дека ни најмалата промена нема да ја издржите, а кога тоа гласче ќе го снема, тогаш сè е полесно.



Прво докажете си себеси, а потоа и на сите други, дека уште од денес ќе почнете со промените. Без разлика дали сакате да се ставите на поздрава исхрана или сакате да си ги подобрите односите со поранешните пријатели, започнете денес! Заборавете го понеделник, заборавете го утре! Живејте како денес да е последен ден. Ако денес е последен ден, ќе може да си кажете себеси: Да, се трудев за да бидам чекор поблизу до мојата желба, не седев со скрстени раце и не чекав да дојде друг ден за да се стремам кон неа. Ќе си бидете на чисто со себе, но и со вашата желба. Немојте веќе да се изневерувате и бидете си лојални, тоа е она што треба да го поседува секој од нас, за да биде подобар човек.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби