Цитати од Ана Франк кои треба да ги пренесуваме и на другите генерации

Ана Франк беше само девојче кога почна да го пишува својот дневник и кратките приказни, но нејзините зборови и мисли покажуваат исклучителната зрелост и памет кои што тогаш ги поседувала. Ана пишувала за животот, љубовта, добрината и во најтешките моменти не го изгубила позитивниот и оптимистички дух.



По повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот, одделивме неколку цитати од Ана, кои што вредат толку многу, што треба да се потрудиме да ги пренесуваме и на идните генерации.

Колку е убаво тоа што никој не мора да чека ни момент, за да почне да го прави светот подобар.

Само едно правило постои кое треба да го запомниш: Смеј се на сè и заборави го останатото. Звучи егоистично, но всушност, тоа е единствениот лек против самосожалување.

Навистина е чудно што не се откажав од сите свои идеали, бидејќи се толку многу апсурдни и невозможни за исполнување. Сепак, не се откажувам од нив бидејќи и покрај сè, верувам дека луѓето се добри.

Луѓето може да ти кажат да замолчиш, но тоа не те спречува во тоа да имаш свое мислење.

Сеќавањата ми значат повеќе од фустаните.

Сети се само на целата убавина околу тебе и биди среќен.

Големината на човекот не се наоѓа во богатството и моќта, туку во карактерот и добрината. Луѓето се само луѓе и сите луѓе имаат мани и недостатоци, но сите ние се раѓаме со добри души.

Сфатив дека убавината секогаш постои некаде – во природата, во сончевите зраци, во слободата, во тебе самиот – сето ова може да ти помогне.



Родителите може да ти дадат добар совет или да те насочат кон добар пат, но конечното формирање на нечиј карактер лежи во неговите сопствени раце.

Секој кој е среќен, ќе успева и другите да ги направи среќни.

На долги патеки, најостро оружје од сите е добрата и нежна душа.

Таму каде што постои надежта, постои и животот. Надежта нè полни со храброст и повторно нè прави силни.

Сите живееме со желба да сме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти.

Може да си осамена дури и тогаш кога многу луѓе те сакаат, ако на никому не си една и единствена.

Среќата се постигнува со добро и преку работа, не со оговарање и мрза. Мрзата можеби е привлечна, но само работата го пружи вистинското задоволство.

Длабоко во себе, младите се поосамени од старите.

Зошто некои луѓе мора да гладуваат, додека во други делови на светот храната е вишок? Ох, зошто луѓето се толку луди?

Не сакам да живеам за џабе, како повеќето луѓе. Сакам да бидам корисна и да им носам задоволство на сите луѓе, дури и на оние кои никогаш не сум ги запознала. Сакам да продолжам да живеам и по смртта!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби