СТРОГИ СТЕ КОН СЕБЕ

Знаци дека сте попаметни отколку што мислите

Паметот е способност за користење на интелигенцијата, знаењето и искуствата заедно, со цел да се снајдеме и прилагодиме на одредени работи.

Постојат неколку знаци кои може да ви покажат дали сте попаметни од она што мислите.



Строги сте кон себе

Една од работите која најмногу ве фрустрира е кога не можете нешто да разберете. На паметните како вас, многу ви пречи кога ќе наидете на нешто што не можете веднаш да го сфатите. Зошто е така? Затоа што обично многу лесно ги сфаќате работите, па кога нешто не е така лесно очигледно, почнувате да се сомневате во сопствениот ум.

Свесни сте на светот околу вас

Паметните луѓе обично се многу свесни за светот околу себе, а тоа го покажуваат со тоа што редовно читаат и гледаат вести. Сакаат да бидат во тек, па макар и тоа значело само да го прегледуваат Twitter. Сакаат да знаат што се случува околу нив и да бидат упатени во проблемите кои ја погодуваат земјата во која живеат, но и светот. Дури и ако се работи за површен интерес, тој е присутен.

Често не ве сфаќаат правилно

Можеби вашата смисла за хумор е премногу софистицирана. Можеби вашиот вокабулар е пресложен. За што и да се работи, не е реткост дека паметните луѓе се погрешно сфатени. И тоа не е ваша грешка, тоа е само начин на кој паметните луѓе одат низ животот. Поради тоа константно мора да им објаснуваат на другите што мислат и на некој начин да се правдаат.



Имате паметни пријатели

Паметните луѓе се склони на тоа да се опкружуваат со паметни луѓе. Па кој сака да биде опкружен со луѓе кои не ги разбираат вашите шеги? Ако вашите пријатели ве разбираат, значи дека се паметни колку вас. Со оглед на тоа што ви се пријатели, најверојатно и имате високо мислење за нив.

Имате големи очекувања од самите себе

Од паметните луѓе како вас се очекува да работите на големи работи. Во рана возраст, посебно паметните деца се понапредни од своите врсници, поради што имаат големи планови и очекувања за својата иднина, без разлика дали се работи за полагање посебен испит или следење на одредена кариера. Каква и да било цел да си постават, веруваат дека ќе ја исполнат.

Сакате друштвени игри и загатки

Многу паметни луѓе уживаат да се собираат за различни друштвени игри, бидејќи подразбираат дека ќе мора нешто да откријат и да сфатат во таа игра. На пример, многу паметни луѓе обожаваат да пополнуваат крстозбори, да играат карти и судоку. Таквите активности бараат размислување и концентрација, а преку тоа се стимулира мозокот.

Другите ви кажале дека сте паметни

Повеќето паметни луѓе не сакаат за себе да мислат дека се паметни. На тоа гледаат како на фалење, иако, всушност само изнесуваат факти. Значи, како со сигурност ќе знаете дека сте паметни? Така што вам другите ви рекле дека сте паметни. Паметните луѓе привлекуваат големо внимание, особено во работното и школското опкружување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби