НЕ СУМ МЛАДА, А НЕ СИ НИ ТИ

Вистинска приказна која треба да ја прочита секој млад човек

Кога сте во 20-тите години, ракот на дојки може да ви изгледа како нешто кое што не ни треба да ве загрижува затоа што сте млади. Но, работите не се секогаш така. Ризикот да добиете рак на дојка во 20-тите е еден случај од 1.732, додека во 30-тите се намалува еден случај од 227 жени. Да, разликата е огромна, но не мора да значи дека треба да заборавите на ракот до некоја подоцнежна фаза во животот, затоа што тој може секому да му се случи.

Токму Џенифер Ходсон, во своите 29 години, откри рак на дојка. Да, добро прочитавте, 29 години. Таа случајно решила да се провери самата и на почеток не ни и дошло на памет дека станува збор за рак, но за жал се соочила со најтешката болест. За таа цел решила да ја раскаже својата приказна и да им ги отвори очите на сите млади луѓе. Нејзината приказна ви ја прикажуваме во целост.



-Едно утро, додека се туширав, сфатив дека одамна не сум направила самопреглед. Се обидувам да си ги прегледувам „дамите“ што е можно почесто, односно да го применувам најдобриот совет кој што сум го добила од мојот гинеколог: Никој нема да ги почувствува неправилностите на твоето тело, како ти самата. Ти си ги познаваш твоите гради. Не треба да чекаш некој друг да ги испита.

Вртев со допири лево-десно, десно-лево. Но, нешто не е како што треба, дури и извикав со расположен глас. И потоа ме удри. Имаше некоја жлезда во мојата лева града. Забавив малку, земав здив и се фокусирав. Повторно почнав. Ја кренав левата рака над глава, десната рака ја ставив на левата града и почнав да се испитувам со мали кружни движења. Да, има жлезда.

Тоа беше мала жлезда, многу мека и приспособлива – како мускулче кое влегло во погрешен дел од мојата града – а немаше ништо такво на десната страна. Недостатокот од симетрија ме исплаши, па се јавив кај мојот матичен лекар и закажав преглед веднаш. Успеав да отидам на лекар уште истиот ден и тој ми предложи да направам ултразвук за да откриеме некои недостатоци.

- Многу си млада, најверојатно ништо не е, тој изјави.



За среќа, имав планирано неверојатно патување во Исланд помеѓу откривањето на жлездата и резултатите од ултразвукот, што ми беше целосна дистракција од целата ситуација. Повеќето од времето правев пејзажи, пиев убаво вино и на сите пријатели им кажав дека тоа е само една обична циста, кои се согласуваа со мене. По една недела се вратив во болница, по резултатите. Но, стигнав до мамограм, кој потоа водеше до друг мамограм, па биопсија, по што сфатив дека мојата теорија со цистата исчезна во воздух. Како што се подготвував за биопсијата, радиологот дојде и ми кажа: Мила, многу ми е мило што го почувствува ова.

Ме викнаа наредниот ден, 17 ноември (околу две недели по првото откривање на жлездата) за да ми потврдат дека имам рак на дојка. Работите се движат многу побрзо кога имаш рак. Сите луѓе ти ѕвонат и ти закажуваат тестови за кои не знаеш ништо. Пријатно за среќни моменти и здраво за биопсиите, медицинската облека и болниците.

Оттаму, се запознав со мојот хирург и мојот онколог. Имам план на лекување, се движам нанапред и среќна сум што можам тоа да го правам. Но, ако уште се двоумите за тоа колку е важен самопрегледот, дозволете ми да го цитирам онкологот кој за прв пат ме испитуваше: Ова е тоа? Не, тоа е твојата коска. Ова е? Да, еве го. Многу ми е мило што го почувствува ова. Знаеш, повеќето девојки на твоја возраст доаѓаат со рак во напредни фази 3 и 4.

Мојот тумор беше голем 2.7см и во втората фаза.

Со самите вести кои што ги слушнав дека имам канцер, започна едно „марширање“ во мојата глава, кое се уште не запрело. Најчесто маршира за несигурноста, анксиозноста и стравот. Типот на дијагноза која ми ја констатираа подразбираше терапија и хемотерапија пред операцијата – што е сосема спротивно на повеќето дијагнози.
 


Хемотерапијата е многу грд процес. Не само што ми го нарушува имунитетот, предизвикува многу лоши контра ефекти и може да ме остави неплодна. Не ни знам дали сакам еден ден да имам деца, ама мој избор е тоа што немам идеа ќе правам во животот. Барем така мислев, но тоа веќе не е точно. Ми кажаа дека ќе престанам да добивам менструален циклус за време на хемотерапија, но ако се врати (млада сум, па можно е пак да добивам), ќе исфрла јајце клетки кои се остарени за 10 години благодарение на отровот.

Ми понудија решение, односно да ми замрзнат јајце клетки. Ми беше овозможен процес од две недели (нормалните процеси се две целосни менструални циклуси) кои подразбираат дневни хормонски инјекции, трансвагинални ултразвуци секој втор ден и вадење на јајце клетки.

Потоа се вративме на ракот. Правев уште неколку тестирања, ми ставија цевка во градите, поминав шест терапии хемотерапија и најверојатно сфатив која е најдобрата операција за мене. Откако ќе се дефинира операцијата, ќе знам дали ќе биде вклучена и радијација. Иако нема историја со случаи на канцер на дојка во мојата фамилија, морам да поднесам примерок за генетско тестирање, бидејќи тоа може да го промени планот на операцијата. Секој чекор на патот кон ракот отвора нов дел од загатката и мојот план постојано се менува.

Сега сме јануари 2017 година. Ги завршив првите две хемотерапии и го чекам денот кога ќе кажам дека хемотерапијата е завршена. За некој кој е познат по мојата коса (без трикови, имам прекрасна црвенкаста коса), мислев дека тоа ќе ми биде најтешката битка. Дури и се потскратив кратко пред да почне да опаѓа. Но, почувствував дека давам многу важност на привременото кажување „чао“, отколку на времето на слабост. Сега, би кажала дека најтешкиот дел беа сите откажувања од моето тело, кое сега изгледа многу различно. Но, јас сум војник и мојата трансформација е неопходна за да се изборам со злото во мојата лева града.

Поддршката од моите пријатели и семејството беше најголемото придонесување кон мојата истрајност, но открив дека новинарството, медитацијата (користам апликација, не сум многу добра во тоа), практикувам полесна јога и споделувањето на моето искуство со другите се причините зошто успеав да издржам до тука.

Не знам каде ќе ме одведе ова патување, не сакам да глумам. Но, постојано се потсетувам дека сум во состојбата во која што сум, бидејќи ги подигнав моите раце и го почувствував ракот.

Моите совети за сите (бидејќи ракот на дојка и кај мажите е случај) е да си налеете чаша вино, да седнете на каучот и да си правите самопреглед. Или влезете под туш и правете преглед. Не ми е гајле како ќе го правите. Ракот не расте за еден ден, ниту за недела. Можеби ова ќе го откриев порано, ако се проверував поредовно. Но, важно е дека го фатив и ако си колку мене, мора да се заштитуваш самата.

Ве молам, поставете си потсетник или напишете си во календарот, но прегледувајте се. Прегледувајте ги жлездите, несовршеностите, сите топчиња и сите неправилности.

- Тоа е само циста...Но, не беше така.

- Премногу си млада...Не, не сум млада, не си ни ти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби