ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Да не се лажeме повеќе: Надворешниот изглед е многу важен

Што е она што ве привлекува кај луѓето? Како маж или како жена? Да, зборуваме за привлечност која ќе ве натера да им пријдете или пак да доделите комплимент токму за таа убава личност во просторијата. Најверојатно ќе почнете со особините кои ги гледате на прв поглед, односно дека изгледа убаво, дека има убаво лице, убаво тело.. А што е со она што го барате кај вашиот потенцијален партнер? Некои сакаат набилдани мускули, други сакаат убави и нежни раце, трети сакаат полни усни и големи очи... Кога и да прашам некого што е она што бара секогаш добивам одговор за тоа како физички го замислуваат идеалниот партнер. На крај, добивам заклучок дека на почеток сѐ се сведува на надворешниот изглед.

Па дури и кога одиме да пазаруваме, го гледаме надворешниот изглед на овошките и зеленчукот и ги избираме оние поубавите. Кога за прв пат треба да изберам некој продукт кој претходно не сум го пробала, кога ги гледам во маркет на рафтот изнаредени најмалку пет исти производи од различни произведители, го избирам оној кој ми изгледа најсимпатичен во пакувањето, покрај цената. Ете, признав, никој не ме осуди, се уште сум на слобода.



Луѓе, да не се лажeме, прво што ни паѓа во очи е токму надворешниот изглед. Колку сакате викајте дека тоа и не е толку важно, сигурно нема да и пријдете на девојка која не ги задоволува вашите критериуми. Најверојатно нема да прокоментирате за она момче кое што не ви се допаѓа, туку за она кое што е ваш тип. Признајте си го ова. Уште повеќе успешните луѓе секогаш се трудат да изгледаат убаво, без разлика дали станува збор за скапи парчиња облека или не. На овој начин оставаат убав впечеток на нивните соработници, а надредените секогаш гледаат дека тие всушност обрнуваат големо внимание на себе и на деталите, па најверојатно и работата ќе ја завршат извонредно.

Да, да, сега сигурно си велите дека многу луѓе изгледаат одлично, но не се трудат и не се успешни. Но, надредените најпрво им даваат шанса на оние кои што ќе се покажат, а токму тие што изгледаат убаво имаат и поголема самодоверба. Токму тоа е она што е привлечно, без разлика за што станува збор. Сигурно нема да им го предадат проектот на некоја девојка која се појавила со неуредна коса, со извалкани алишта, седи срамежливо и чека да ја повикаат.



Немојте да се грижите, ако вие не му се допаѓате некому, ќе му се допаднете на некој друг. Сите сме различни и имаме различен вкус. Најбитно е да не се споредувате со другите, бидејќи секој е убав на свој начин. Убава е девојката која што има белег од изгореница на десната рака, убаво е и момчето кое го видовте во дискотеката со лузна на левата страна на лицето, а токму лузните, белезите и останатите несовршености ги прават уникатни одредени луѓе. На тој начин ќе ги запаметите. Споредбата ќе направи само полошо, ќе направи да се фрустрирате за тоа како некои изгледаат совршено, а вие не можете да го постигнете тој изглед. Секој поседува некаква убавина. Убавината во вас лежи во она што сте различни најпрво во надворешниот изглед, а потоа и во внатрешниот.

Се согласувам дека внатрешната убавина е уште поубава и поважна, но немојте да го негирате фактот дека и надворешната е важна. Нормално дека вашите внатрешни особини се отсликуваат на надворешната убавина, па гледајте најпрво тие да се убави, а потоа прифатете се, бидете свои, бидете уникатни и бидете искрени. Сите ние знаеме дека надворешниот изглед ни е важен, па слободно кажете го тоа, никој нема да ве осудува.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби