Научете да правите разлика помеѓу психопат и социопат

Многумина психопати и социопати знаат совршено да се прикријат. Кога се запознаваме со некој, често сакаме да оставиме добар впечаток, па не се прикажуваме во вистинско светло.

Истото се случува и со психопатите и социопатите. Се смета дека дури психопатите се исклучително шармантни и може лесно да ве совладаат ако не ги набљудувате внимателно нивните знаци.



Постојат знаци кои може да ве предупредат на тоа дека имате работа со психопат. На пример, ако вашиот партнер постојано ве возвишува и е шармантен лик кој без престан ви дели комплименти, неверојатно е интелигентен и бескрајно е духовит, може да цели само кон вашата несигурност. Ако сфати дека се сметате себеси за дебела, тој ќе ви каже дека ви го обожава телото, ако мисли дека сте срамежливи, ќе се смее на секој глупав виц кажан од ваша страна и ќе ве бомбардира со љубов. Тоа е фаза која трае неколку месеци, а потоа ќе ги исклучи сите возвишувања.

По оваа фаза на „љубовно бомбардирање“ ќе следи фаза на молчење, а потоа ќе се насочи кон тоа да ја намали ваша вредност. Освен тоа, ќе се потруди да ве увери дека вие двајца сте сродни души, дека сака сѐ што сакате и дека имате исти интереси, односно ќе се однесува исто како вас. Тој нема свој идентитет.

Внимавајте на неговите болести и повреди, бидејќи тие сакаат да се сожалувани. Оваа појава, според досегашните истражувања е почеста кај мажите.



Сепак, многу често се мешаат однесувањата на психопат и социопат. Поради тоа, погледнете ги следните разлики и ако ги забележете кај некој ваш близок човек, најдобро е да излезете од неговиот живот што е можно побрзо.

  • Психопатот се развива во рани години, при интеракција меѓу гените и нервите во мозокот, но и од однесувањето на околината. Социопатот пак го создава околината со нејзино влијание, најчесто за време на пубертет.
  • Психопатот е поопасен во раното детство кога не реагира на казнувањето, стресот и карањето, додека пак социопатот често знае да се открие за време на подоцнежниот развој. Тој е чувствителен на стрес, срам и на неодобрување.
  • Психопатот многу лесно го поднесува неодобрувањето на околината и се вклопува во секоја средина, а социопатот лошо реагира на негативните искуства. Тој може лесно да се одмазди на оние кои го навредуваат.
  • Психопатот добро ги познава емоциите кај другите луѓе, размислува зошто сочувствуваат, но не е во состојба тоа сам да го направи. Социопатот е способен да ги доживее и туѓите и своите емоции, а темпераментот му е сличен како и кај нормалните луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби