ДАЛИ ИМАТЕ КУЛТУРА?

Правила за користење на мобилниот телефон кои мора да ги почитувате

Денес, секој поседува мобилен телефон. Со мобилниот телефон закажуваме состаноци, инсталираме различни апликации кои ги користиме секојдневно и едноставно не можеме да си замислиме ни еден час без телефонот, а камо ли еден ден. Постојат мноштво придобивки за мобилниот телефон, но дали знаете како, кога и зошто треба да го користите? Како што поседувате основен бонтон така треба да ги почитувате и правилата за користење на мобилниот телефон.

Не посегнувајте по него за време на јадење



Може ви изгледа очигледно, но дали го почитувате ова правило? Навистина е некултурно да посегнувате по мобилниот телефон додека јадите, но исто така не треба ни да кревате на телефон доколку ѕвони. Секако исклучок се итните повици или некој повик кој навистина го очекувате, но тоа мора да му го објасните на вашиот партнер кој решил да вечера со вас.

Завршете со разговарање на телефон кога сте на каса



Ако не ја знаете касиерката не треба да значи дека треба да продолжите со разговорот на телефон, додека таа ви помага. Токму тоа е една од најнекултурните навики во продавниците и бутиците.

Никогаш не го повишувајте тонот



Ме слушаш ли? Ако не ви одговори, најдобро е да спуштите и повторно да се јавите. Кога сте во јавност, немојте да го повишувате тонот додека зборувате. Никој не е обврзан да ве слуша како се однесувате некултурно преку телефон, макар и тоа да е потребно моментално.

Никогаш не зборувајте или пишувајте порака додека возите



Очигледно дека се работи за ваша сигурност. Гледајте во патот и никако немојте да пишувате или да гледате во телефонот додека сте зад воланот. Ако веќе морате, јавете се, но користејќи слушалки.

Избегнувајте да пишувате на телефон додека сте на состаноци



Сигурно не сакате вашиот шеф да ве види како пишувате на вашиот мобилен телефон, целосно игнорирајќи го она што тој го зборува. Така делувате незаинтересирано за состанокот и сте многу лош пример за останатите.

Исклучете го мобилниот телефон во црква, храм, театар, кино...



Не постои исклучок за ова правило. Постојат одредени места каде што никако не смее да се прекрши ова правило. Ставете го на нечујно, ако не сакате да го исклучете, но потрудете се да го почитувате правилото.

Избегнувајте да зборувате на телефон додека сте во некоја чекална



Таму е тивко и сè се слуша. Ако ви заѕвони телефонот, одбијте го повикот или излезете надвор. Луѓето се таму затоа што чекаат некоја услуга, а не вас да ве слушаат како зборувате.

Ако некој ви зборува – слушајте го



Немојте да посегнувате по телефонот кога некој ви зборува. Таа личност дошла да ви се обрати токму вас или пак одделила од своето време за да биде со вас, а не да ве гледа како го користете телефонот додека таа ви зборува. Бидете културни!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби