ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Верата и националноста не го прават човека: Престанете со поделбите

Деновиве прошетав низ Стара чаршија, сама. Некои од вас се чудат како може сама девојка да прошета низ чаршија каде што „владее“ друга националност, а некои и тоа не го сметаат за опасност. Јас лично, многу пати сум прошетала самата низ Стара чаршија, сум пазарувала од познатиот Бит пазар и редовно сум ги посетувала пекарите за симит погача. Ете таму во тој делот од другата страна на Камени мост, ми се највкусни и воопшто не се плашам сама да одам и да си купам. Дури и моите родители постојано ме советуваат: Таму не се оди сама, земи некој со тебе, опасно е.

Но, што е опасно? Каде е опасноста?

Веќе не знам дали луѓето навистина сметаат дека се опасни оние луѓе во нашата земја, кои се од различна националност како што се Албанците, Турците, Босанците... Дали навистина сметате дека се опасни или тоа ви го наметнало општеството? Ако еден или двајца се опасни, не мора да значи дека сите од таа националност се опасни. Тоа е исто како да кажете дека некој Македонец бил криминалец и сега сите Македонци се криминалци.



Најпрво, проблемот е во општеството. Уште на самиот почеток кога тие се доселиле овде, почнале да се делат. Заземале општини, градови и села и си се одделиле од нас Македонците. Но, тоа било уште многу одамна, кога сфаќањата биле поразлични.

Сега, постојат модерни Турци и Албанци, кои сакаат да се дружат со нас и да излегуваат на исти места. Сакаат да заживееме како да нема никаква разлика. Во моето друштво има пар, моја блиска другарка Македонка во врска со Албанец со модерни сфаќања. Да го видиш и да му ги слушнеш сфаќањата, нема шанси да погодиш дека е Албанец. Но, таа љубов е уникатна. Родителите и од двете страни ги поддржуваат, бидејќи се луѓе со современи сфаќања. Знаат дека е потребно мешање на националностите за конечно Македонија да заживее како држава. Да нема омраза, да нема опасности и јас сама да се движам низ Стара чаршија, без да ја мислам мајка ми која е загрижена за мене. Никој ништо нема да ви направи, ако самите не си го барате, запомнете го тоа. Гледајте си ја работата и воопшто немојте да се плашите. Никој не сака неволји и проблеми.



Погледнете како е во останатите европски земји. Сигурно имате многу пријатели или роднини кои се иселиле во некоја земја. Тие таму се емигранти, но ги прифаќаат како да се луѓе од нивната земја. Почнуваат да се дружат, да учат заедно, да им помагаат кога им е тешко, да им покажуваат вистинско другарство, но тоа е така затоа што пред сѐ ги гледаат како човек. Воопшто не им е важно која националност се, која вера ја почитуваат или која политичка партија ја подржуваат. Тоа кај нас го нема. Забегани сме, за жал. Ако дојде некој Турчин, кои доаѓаат во Македонија на факултет, сите го покажуваат со прст и не ни сакаат да му помогнат. Е затоа не нè бива. Поради тоа што живееме во ограничувања и со предрасуди за другите вери и националности.

Германија, Шведска, Италија сите тие земји примаат емигранти и ги прифаќаат. Имаат заеднички закони, имаат неверојатни можности... Што е со нас? Зошто живееме во Турско време? Зошто не излеземе од таа кутија и не си подадеме рака едни со други? Тогаш ќе „растуриме“ и ќе бидеме пример за сите народи на Балканот. Заборавете ја историјата, живејте во сегашноста и градете една убава иднина. Секој кој живее овде се грижи за татковината. Тие овде живеат и ја сакаат Македонија како своја земја. Прифатете ги еднаш за секогаш!

Ваша, А

Фото 1: Авторски права (Нора Шаќири Марковиќ)
Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби