КОИ СЕ ШАНСИТЕ?

Ја изгубила меморијата – но повторно се заљубила во истото момче

Џесика Шарман е 19 годишна девојка која пред една година имала напад, преку кој го изгубила помнењето. Со тоа се изложила на огромен напор повторно да ги запознае најблиските луѓе во нејзиниот живот, вклучувајќи ги и родителите и момчето, кое што ги заборавила.



Во 2010 година, и дијагностицирале епилепсија на предниот дел од черепот, а токму минатата година, имала напад додека работеле со момчето, Ричард. За среќа, тој ја фатил во раце, за да не падне на земја и да има посериозни последици.

Откако се свестила, не ја препознала својата мајка.

- Не знаев што се случува. Моменталната амнезија беше нормална појава за мене со нападите. Но по еден час или подоцна, пред мене гледав една жена за која немав поим која е. Тоа беше мајка ми, а јас само бледо ја гледав. Тој ден ми се сруши светот. Се соочив со странци кои тврдеа дека ми се фамилија, кои ми кажуваа работи што немаа никакво значење за мене, изјави Џесика.



Потоа на родителите им текнало да и покажат одредени фотографии, за таа да се убеди. Сепак, на Ричард, нејзиното момче му било потешко да ја убеди во нивната љубов.

- Ме оставија насамо со него и го мразев тој момент. Тој беше странец за мене. Рич ме однесе на некое место кое ни било омилено, но не можев да се замислам со него. Кога ме фати за рака, јас само се тргнав. Тој беше скршен и не знаеше дали ќе може да го вратиме она што го имавме. Но, со самото тоа што го гледав колку ме сака и колку се грижи за мене, беше доволно за да излеземе на состанок, но без никакви ветувања.

Џесика се уште е загрижена дека нејзината дијагноза ќе резултира и во идно губење на меморијата, но позитивна е и сигурна е дека има некој покрај неа кој ќе се грижи да има добар живот.



- Си го повратив животот благодарение на мојата фамилија и Рич. Среќна сум што ме знае доволно добро за да биде до мене дури и кога мислев дека е странец. Тој живее кај нас и нашата врска е се посилна. Знам дека ќе можам да се соочам со се во животот. За сега, секам да се фокусирам на нови убави моменти.

Џесика на сите ни покажува дека семејството и најблиските се она што не одржуваат во живот и дека заедно со нив може да ја поминеме секоја пречка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби