ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Викај му на син ти за слабата оцена – не и се заканувај на професорката

Не сакам да ја започнам денешнава клумна со зборови кои ќе звучат како да сум стара и многу искусна, но некогаш добро е да кажеме дека „во наше време работите беа подобри“. Барем што се однесува на образовниот систем.

Во мое време (генерација '86-та), училиштето беше света установа. Таму се одеше со почит, се слушаше гласот на професорите и секогаш ги извршувавме домашните задачи на време. Секој ученик си ја добиваше заслужената оценка и ако сакаше поголема мораше да се потруди. Додека посетував основно, воопшто не ги сакав оние строги учители кои нѐ казнуваа со неколку удари по прсти со стапче секогаш кога доцневме на час (што ми се случило еднаш или два пати), оние кои ми ја маваа тетратката по писмена работа бидејќи новиот ред не сум го почнала со два прста навнатре и оние кои постојано од мене бараа да им ја повторам истата дефиниција мноштво часови сѐ додека не ја кажам без грешка и без двоумење. Истото се случуваше со сите ученици, без разлика на родители, моќ или статус во општеството.



Откако завршив со моето средно образование и си направив една ретроспектива на моите професори, сфатив дека треба да сум им благодарна токму на најстрогите наставници и професори кои се однесувале така со мене. Да не се однесувале тие така кон учениците, денес јас немало да знам одредени работи кои ми помогнаа во моите факултетски денови и немаше да ги ценам како личности. Но, како што кажав на почеток, тоа беше во мое време. Што се случува денес?

Денешните професори и наставници не се ни налик на оние од мое време. Тие се добри, подготвени да го предадат материјалот и да ги мотивираат учениците, но не се ни малку строги кон нив. За ова виновна е поставеноста на работите. Ако порано нашите родители нѐ карале нас за лошите оценки, денес родителите ги караат наставниците за тие оцени.



- Како може на моето дете ти да му ставаш тројка? Онаа Марија повеќе ли учи од него? Знаеш ли ти кој сум јас и дека со само еден повик може да леташ од работа?

Да, токму од овие зборови е исплашен наставниот кадар. Децата на оние „моќните“ луѓе имаат високи оцени, иако некои од нив не заслужуваат, додека пак ако твоите родители немаат некои подебели врски, тогаш ти ги имаш правите оценки за кои што си се потрудил. Дури имаат за право и самите ученици да им повишуваат тон на наставниците, затоа што гледаат како се однесуваат нивните родители и сметаат дека тоа е добро. Мене моите дома ме учеа дека кога наставник или професор зборува, МОРА да се слуша! Ти одиш таму за да научиш, не да се караш, беа зборовите кои ги слушав од моите родители.

Можеби самото општество ни се измеша, па измешано е и образованието. Можеби треба да се искоренат некои работи во културата и однесувањето во општеството кај луѓето за да се променат и овие работи. Благодарна сум што во некои училишта се уште постои добар наставен кадар, професори кои пред сѐ се одлични педагози, а потоа и наставници кон учениците. Токму помладите колеги професори треба да учат од постарите, па дури и да седат на нивни часови, само да го набљудуваат нивното однесување.

За крај, му благодарам на секој строг учител и професор кој ме научил на многу работи во животот. Поради вас, станав она што сум денес.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби