ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Дали би се избрал самиот себе за пријател?

Колкава е твојата морална вредност? Кога би можел да се избереш самиот себе за пријател, дали би се избрал? Или можеби премногу си ограничен, суров и затворен тип, кој најверојатно не сака да се дружи ни со самиот себе, а камо ли со некој друг.

Што се случи со луѓето? Зошто сите се шетаат со лажни насмевки, сите одговараат едно та исто на прашањето како се и кои секогаш имаат работа, ако некогаш треба да ни помогнат за нешто. Светот го направи човекот да не си верува на самиот себе, ниту пак на другите. Одамна поминаа тие денови кога секому на секого веруваше, кога соседот ни беше како брат на чија врата можеш да затропаш во секоја доба; кога знаеше дека ако му позајмиш пари на колегата ќе ти ги врати тогаш кога ти ги ветил. Денес не стојат така работите. Светот е изопачен.



Ако имаш проблеми, а немаш пари ниту пак видна функција, кој си ти? Безвредно ѓубре! Никој и ништо! Веќе не ми вредиш! Па, немам јас никаква корист од тебе! Да, тоа се мислите на твоите „пријатели“, кои зад грб те оговараат, го зборуваат на други и тоа што си им го кажал во доверба и те исмејуваат во фаца. И додека ти се соочуваш со тешки проблеми и си сигурен дека може да се обратиш кај некој од нив за помош, тие веќе те замениле и си имаат нов пријател, пионче или некој од кој ќе го црпат она што со години го црпеле од тебе.

Но, не е до тебе. До општеството е! До сите тие лицемерни појавувања, лаги, неискреност.. Не може да нема ништо во нечиј живот цела година. Не може да нема ников проблем во животот на твојот пријател и не може, а да не сподели со тебе ако ти е пријател. Каде е вредноста на пријателстово? Ако некогаш истото се плаќаше со искреност, со долги и непроспиени ноќи со цел заедно да ги решите проблемите, денес пријателот мирно си сонува и си спие, додека ти се превртуваш во кревет од безброј проблеми. Веќе немаш ни на кого да се искажеш...



Секоја чест на оние кои имаат пријател, вистински пријател! Искрено, им завидувам! Им завидувам на оние кои имаат пријател кој ќе биде тука за нив секогаш и кој најискрено ќе сподели со нив за она што го мисли во врска со нивниот проблем, кој реално ќе им ги отвори очите и кои ги прави подобри личности. Тие луѓе се многу ретки. Јас за жал, припаѓам на една помлада генерација, а со тек на годините сè помалку верувам во луѓето. Тоа го искусувам сега, а не можам ни да замислам што ме чека во иднина.. Не е она што го посакувам, бидејќи животот без пријател е многу тежок.

Чувајте го тој едниот, вреди за сите мои лицемерни пријатели кои сум ги исфилтрирала. Бидете тука за него, давајте го она што вие сакате да го примате и едноставно бидете среќни што имате на кого прво да се јавите кога ќе добиете добри или лоши вести. Издигнете се еден со друг од бездната и кренете ги високо чашите за здравје, среќа и заеднички моменти бидејќи не постојат повеќе такви пријателства.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби