Романизирана биографија на Франтишек Дртикол

Автор: Моника Илкова

Од природонаучен аспект сите сме фатално зависни од светлината. Сите сме потомци на исконското сонце и сите и во овој миг дишеме светлина.

Не постои само книга на светот, туку и книга на светлината. Историјата на светот воопшто не е историја на светлината. За првото говорат цели библиотеки, а за другото доволни се два реда: Ќе настане тишина и на часот ќе се најдеш некаде на друго место, или никаде на друго место.

„Историја на светлината“ е романизирана биографија за чешкиот, но и светски реномиран фотограф, Франтишек Дртикол. Фотографите работат со најубавиот материјал што постои: со светлината и со човечкото тело. Телото и светлината се како да стоиш над вливот на две реки.



Приказна за еден млад сонувач, уметник, кој го гледа светот поинаку, кој се чувствува поинаков од другите луѓе што го опкружуваат, кој одлучил да оди во „спротивна насока“. Приказна за светлината и за свеста.

Пред сто милиони години, хемиските својства на светлината овозможиле настанување на животот на планетата. Но дури пред шеесет години човекот откри како со помош на хемиските својства на светлината да го зачува животот на досега незамислив начин.

Парче светлина, парче историја, парче наука за фотографијата, парче несреќна љубов... Романот е толку мајсторски срочен што на крајот ќе се чувствувате како да сте затвориле еден албум. Серија живописни слики приказни подредени помеѓу кориците.

Дали во црнката од моливот е сè што ќе нацртам со него? – прашање што го мачи малиот Дртикол. За него, на почетокот, во споредба со сликарството, фотографијата е тапа, обична слугинка на стварноста, боенка за аматери што немаат врска со цртањето. Слично, Шарл Бодлер тврдел дека фотографи стануваат само мрзливите и ненадарените сликари бидејќи фотографијата не е способна имагинативно да ги изрази возвишените мисли и чувства, па во најдобриот случај може да биде скромна слугинка на уметноста и на науката, налик на печатарството или на стенографијата.

Но, фотографијата за Франтишек станува светлосна калиграфија. Оти и самиот термин „фотографија“ се состои од грчките изрази за светлина и пишување. Оти Ars una, species mille, односно: уметноста е една, а начини има илјада.

Сите сме зрак светлина што си игра со сенките. Кога ќе ти го задушат светлото, ќе те задушат и тебе.

Проверете зошто „Историја на светлината“ е добитник на Европската награда за литература во 2014 и е преведена на 12 јазици.

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе доделат примерок од книгата „Историја на светлината“ на еден од вас по случаен избор. Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да одговорите точно на прашањето: Кој е автор на романот? За помош, отворете на овој линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби