„Меч“ фотографски двобој во Јавна соба

Школата за уметност „Џолев и уметностите“ по 11-ти пат ќе се претстават со групна фотографска изложба од програмата „Курс по фотографија“.

Оваа сабота сите љубители на уметноста и дружењето, ќе имаат можност да ја погледнат изложбената поставката „МЕЧ“ во Јавна соба, со почеток од 19 часот.

„Меч“ претставува метафора на фотографски двобој, каде што учесниците од програмата се фотографираа меѓусебно, а истовремено беа фотографи, но и портрет модел на друг фотограф. Идејата се роди случајно за време на една пауза помеѓу часовите, каде што учесниците како во транс започнаа да се фотографираат еден помеѓу друг, импресионистички момент што кај мене испровоцира желба за оваа идеја да се разработи методолошки во концепт портрет-фотографија , вели Дејан Џолев, ментор на програмата.

На 11-ти март, ќе бидат изложени 17 концептуални портрети, од исто толку фотографи, помеѓу нив и Рашела Ристовска, студентка на англиски јазик и книжевност, која ќе се претстави со делото „Театрален живот“.

-Делото е резултат на мојата љубов кон филмот, наспроти страста кон глумата на мојот модел Ангела Марковска. Целата фотографија ја спакуваме како резултат на нешто што нè карактеризира и нас двете. Се решивме на едноставна, но многу симболична фотографија која реално ги карактеризира нашите животи, но во исто време и животот на сите останати, преку театралните маски преставувајќи ја комедијата и трагедијата во нашите животи; нашите среќни и тажни мигови што се несекојдневни и неизбежни. Фото сесијата беше реализирана во Драмскиот театар во Скопје и навистина претставуваше интересен предизвик и за нас двете.

Помеѓу учесниците е софтвер инженерот, Марјан Башуровски, кој нескромно ја истакнува својата страст кон фотографијата.

-Пред сè, една неисполнета желба. Уште од мал имав голем интерес, но немав опрема ниту вештини за да создадам нешто што би било добро. Курсот по фотографија ме охрабри да експериментирам и многу подетално да нурнам во фотографијата од естетски и технички карактер.

Марјан ќе се претстави со делото "Фабрикант Лево" – репродукција од култниот постер на Енди Ворхол и Жан Мишел Баскијат, каде со боксерски ракавици во ринг, ја најавуваат нивната заедничка изложба. Токму ова, го инспирираше Маријан да го одбере менторот на програмата Дејан Џолев за негов портрет -модел.

- Идејата е дека се бориме заедно. И ние учиме од него и тој на некој начин учи од нас, додава Маријан, кој и како Рашела и по курсот најавуваат активно авторство во овој уметнички медиум.

Изложбата „МЕЧ“ ќе ја отвори Дејан Џолев кој свечено ќе им ги додели сертификатите на учесниците за успешно реализираната работа.

ФОТОГРАФИ: Ана Андрееска, Анастазија Геговска, Ангела Марковска, Антонио Грујевски, Ања Коцевска, Горан Ристески, Елена Лушкоска, Емилија Чатлеска, Иван Тодоровски, Игор Лукановски, Ирена Јовческа, Марјан Башуровски, Михаил Бутнејски, Рашела Ристовска, Славица Соколовска, Филип Арсовски, Христина Бозароска, Христијан Трајчевски;



Пријавувањето за следната програма „Курс по фотографија“ е во тек, додека курсот официјално ќе започне на 18-ти март. Програмата вклучува 6 предавачи на 6 фотографски дисциплини и 8 професионални портрет модели за потребите на часовите по портрет фотографија. Програмата вклучува и постпродукција, а процесот се заокружува токму со изложба на фотографии.

Повеќе информации на фан страната на Џолев и уметностите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби