Што треба да напишете за да ви го отворат меилот?

Ако праќате меил на некој потенцијален работодавец, клучното нешто кое што ќе го натера да го отвори вашиот меил не е ниту првата ниту последната реченица, туку насловот.



Размислете: Зборовите кои што ги запишувате во насловот се првите зборови кои некој ги гледа и првата шанса да го натерате некого да го отвори она што вие сте му го пратиле. Иако не треба да станува збор за некоја сложена реченица, тоа не значи и дека треба да биде и нешто многу просто како на пример „проверка“ или „здраво од мене“.

За ова, неколку совети ќе ви сподели Брендан Грили, научник за податоци во компанијата за продуктивност на електронска пошта Boomerang .

Специфичен > Општ

- Идеален наслов е краток и јасен кој ја прикажува намерата на мејлот, кој ќе го заинтересира оној до кој е испратен. Насловите како што се „Заинтересиран сум за вашето работно место“ или „Барам можност како инженер“ не се одлични иако директно преминуваат на намерата на вашиот меил.

Наместо тоа, персонализирајте го насловот кон компанијата на која што и праќате меил и работата за која сте заинтересирани, ако има некоја. Ако мејлот е продолжение на некој разговор кој се случувал или некоја друга тема, осигуарајте се да го вметнете и тоа во насловот.

Ниту многу долг, ниту многу краток

Во една студија токму од компанијата Boomerang за тоа кои мејлови имаат највисока стапка на одговор, компанијата откри дека оние наслови со само еден или два збора во наслов се најмалку одговарани. Три до четири збора може да се отворат, но со сигурност може да напишете и подолг наслов.



- Ако вашиот наслов е помеѓу три и седум зборови, најверојатно сте во добра положба. Ако насловот ви е подолг од седум зборови, ризикувате да не ви го прочитаат ниту насловот, а камо ли мејлот, смета Грили.

Не мора да сте формални

Ако не сте сигурни каков треба да ви биде вашиот разговорен стил во насловот, Грили советува да ја посетите нивната веб страна или огласот, па тој да ви открие каков меил треба да напишете. Ако станува збор за некој стартап, разговорниот стил е најдобар. Ако станува збор пак за некоја државна работа, бидете поформални.

Исто така, избегнувајте да користите мали букви

- Признавам дека често пишувам со мали букви кога праќам некоја порака, но при мејловите за барање на работа, се трудам да пишувам големи букви каде што треба.

Не го пишувајте вашето име во насловот

Бидејќи вашето име е веќе во мејлот, нема потреба да го вклучувате во насловот, бидејќи ќе се повторува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби