ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Удри бриге на весеље – БУКВАЛНО!

Сврти се кон сонцето и на тој начин нема да видиш ниту една сенка -Хелен Келер

Стресен е животот, нели? Сигурно многумина ќе се согласите со мене дека ни е преку глава од нервозите, напнатоста и секојдневните обврски. Не може еден ден да помине без да се изнервираме макар за една мала ситница, без разлика дали салатата која што сме ја порачале била без кромид, дали одговорот кој го чекаме доцни неколку часа или пак состанокот од кој зависи нашето работно место е одложен за една недела. И секој ден се нервираме, се трупаме со стресови, си го расипуваме односот со блиските луѓе, си ја нарушуваме позитивноста и расположението.

Дали е потребно тоа? Дали ако се нервираме ќе смениме нешто? Потребно е да погледнеме од другата страна на овие работи. Најдобро е за проблемот да изнајдете решение, но да размислувате со ладна глава. Кога се надевате дека ќе се реши ситуацијата, кога верувате во тоа знаете и сте сигурни дека на крај сѐ ќе биде добро.

Сигурно сте слушнале за Законот на привлечноста кој претставува магнетна сила што привлекува слични енергии. Јас верувам во тој закон, затоа што неколку пати се докажал дека е ефективен во своето делување. Можно е да сте скептик, но направете неколку тестови, ништо не можете да изгубите, може само да добиете. За почеток, поверувајте дека позитивните мисли се магнети за позитивен живот, а негативните за негативни искуства. Токму затоа, ако испраќате позитивни мисли во Универзумот, тој ќе ви одговори онака како што вие сакате, сѐ додека верувате во тоа. Ако постојано мислите негативно и сметате дека работите нема да бидат во најдобар ред, тогаш навистина ништо нема да биде добро. Тогаш вие ќе изгледате како некоја мрачна сила која поминува низ канцеларијата како мумија, со која никој нема да сака да направи муабет.

Покажете ентузијазам, покажете мотивираност и спротивставете му се на стресот. Сѐ ќе си дојде на свое место. Ваше е да верувате дека работите ќе бидат онака како што треба. Ги имате коцките, ги имате картите, играјте со нив како што сметате дека е најдобро, без притисоци со доволно дадено време. Бидете пример како треба да се однесувате кон проблемите. Ако сега сте во некоја неизвесна ситуација, погледнете од друга перспектива. Понекогаш она што сметате дека е најдобро за вас, не е секогаш така, туку постои друго решение. Секогаш, ама секогаш, треба да знаете дека она што се подготвува за вас е токму тоа што ви треба.



Ако сега не сте на некоја работна позиција која ја сакате, набрзо ќе ја имате онаа за која се подготвувате моментално. Ако не сте до личноста која што ве исполнува, можеби преку таа личност ќе го запознаете вашиот најдобар пријател или партнер. Ако не заработувате доволно, подгответе се за она што ве чека, бидејќи секогаш најпрво се соочуваме со лоши работи за да сме подготвени за оние подобрите кои што следуваат подоцна.

За крај, дај да не ја тупиме повеќе! Има вистина во изреката: Удри бриге на весеље и затоа, запомнете, бидете позитивни и животот ќе ви се промени. Трудете се за она што го сакате и верувајте во убавите работи на овој свет. Така самите го привлекувате она убавото да се исполни, а дотогаш живејте го животот до максимум и забавувајте се.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби