ОД СВОЕ ЌОШЕ

Комшика си ми или инспекторка?

За Велигден бев во посета на моите родители, во едно мало гратче каде што секој се знае меѓусебно. Или можеби подобро е да опишам секој за секој знае информации.

Станувам од спиење и слушам гласови, па ми текнува дека тоа е мојата сосетка тетка Ратка. Дошла со мајка ми кафе да се напие и да си го честитаат празникот. Како што влегувам во соба, таа притрчува, се прегрнуваме и веднаш почнува да ме напаѓа со прашања:

- Ти кај беше синоќа? Те донесе некој со кола во 3:24, видов јас и врата ти отвори. Ама не се бакнавте, си викам ова девојче пак не може да си фати некој. Знаеш јас не можев да спијам, па одев од соба во соба и случајно ве видов. А онаа па Марија, еден ја зема, друг ја носи. Боже ова младост-лудост вистина било. Туку кажи и сега ти на тетка Ратка, има ли некој? Ајде нели нè радуваш малку?



Кога влегов во собата не бев ни расонета, а оваа изјава ми дојде како шамар и веднаш се свестив. Штета што после точниот кажан саат до минута, не продолжив да ја слушам туку си мислев како може некој до толку многу да се замара со туѓи животи. Берат гајле на други, се шетаат по куќи за да шират дезинформации и да испрашуваат. Тоа е нашата малограѓанштина.

Она што е тажно и жално е што во еден град речиси повеќе од половина жители оговараат и трачарат. Тоа е многу поопасно во малите градови, бидејќи може да се чуе сѐ и сешто, веднаш ти ставаат некој печат и дури и си слушаш работи за себе кои не се ни така. Но, кога станува збор за „соседскиот пленум“, тука не може да се одбраниш. Тоа е така како што тие ќе кажат. Па ако кажат дека си стара мома или си многу „рашетана“, така и ќе биде. Ако ниту еднаш не те виделе со метла во рака, не си домаќинка. Ќе стигне до другиот крај на градот, па после ти чуди се зошто сите те гледаат некако чудно. Додека се мислиш да не ти се откопчало некое копче од кошулата, тие смислиле и уште еден трач.



Ех мои соседи и сограѓани, ви се чудам на умот. Одите на кафе да разберете која со кој заминала, кој со која изневерува, дали ќе се разведат, па на кој ќе треба да му припадне детето...Милиони заклучоци, а ниту еден точен. Нивен живот – нивна работа, сте слушнале за ова? Живејте си го животот, гледајте си за своите проблеми и ич да не се замарате за другите. Доста си ги туркате вашите проблеми под чергичето, време е да се соочите со истите и да се заинтересирате за вашиот живот. Оние кои се паметни ќе успеат, без разлика вие дали ќе ги оговарате или не. Помирете се со тој факт и погрижете се вашиот живот да не ви помине само во оговарање и во ништо друго.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби