Нема друга – оригинална и комична приказна за машко-женските односи

Автор: Моника Илкова

„Нема друга“ е роман романса, а може да се каже и роман комедија. Матјаж, фотограф по професија, ја прекинува долгогодишната врска со својата девојка Сара и, наместо да се обиде да ја преболи, се препушта на самосожалување и на смислување планови како да ја врати назад.

Токму поради тоа, Сара одбива секаков контакт со него. Матјаж смета дека најлесно ќе ѝ се приближи само ако покаже дека ја преболел. Тоа го прави така што почнува да се гледа со други девојки. Ја почнува својата одисеја од една до друга девојка, секоја различна, од идеалистки и феминистки до романтичарки што го чекаат принцот на бел коњ.



Југословенската историја е секогаш во заднината на овој роман. Постои одредена доза на (наводна) носталгија за старите добри денови, но Матјаж живее со една поинаква, посилна носталгија, за деновите поминати со Сара.

Секое ново поглавје носи наслов на нова девојка и претставува нова „љубовна авантура“ што не води никаде.

Можеби оваа социјална реалност на романот не ослободува, како што би се очекувало од класичната романтична комедија, но несомнено ќе ве насмее.

Авторката успева да направи еден бескомпромисен портрет на современото општество, дефинирано од страна на наивниот постмодерен хедонизам. Врските на Матјаж не излегуваат надвор од површинското, од детските досетки и од тривијалните разговори, кои, всушност, се обид што побрзо една жена да се однесе во кревет како тоа да е кулминацијата и суштината на љубовната врска. Но ќе може ли некоја да ја замени Сара? Ќе успее ли Матјаж да ја врати? Го сака ли навистина тоа?

Во секој случај, „Нема друга“ е малку повеќе од забавна романса и го најавува доаѓање на еден забавен, хумористичен, свеж, нов глас во современата „женска“ проза.



ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе доделат примерок од романот „Нема друга“ од Јела Кречич на еден од вас по случаен избор. Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби