ОД СВОЕ ЌОШЕ

Знаеш што значи средно? Како може да не му правам голема матура на син ми?!

Овој период од годината им е најубав само на матурантите. Нив сѐ им е рамно, сета работа им е завршена и им останува само да прослават за тоа што завршиле средно училиште. Некои од нив си ја сфатиле здраво за готово работата, па воопшто не се замараат за факултет, а на други им гори под нозе додека учат за државниот испит.

Но, да ги оставиме тие работи настрана и да се фатиме за прославата. Нели тоа е најважен дел од животот на вашето дете? Цел месец правите кифли и баници, смислувате најразлични видови на колачи, ги ангажирате сите тетки и стрини да направат салати, месишта, ролати и што ли уште не. Направивте список на 50 гости, а кога матурантот ќе ги додаде и своите школски другари списокот пораснал на 70 гости!



- Аман бе сине, да намалиме малку, многу е ова. Со овие двајца никогаш не си се дружел. Што има сега на матура да ги викаш?

Но, детето си сака да си прослави како што треба, еднаш е матурант!

Еј, знаете ли што значи во денешно време да завршиш средно? Па веднаш може да се сместиш на некоја удобна фотелја и да си земаш државна плата. Само потруди се на време да си извадиш црвена или сина книшка и пола работа е завршена. Затоа, време е да се прослави како што е редот!

Многумина земаат и цели кредити, позајмуваат пари од роднини и пријатели..

- Знаеш, ќерка ми е матурантка, не планираме нешто голема прослава да има, ама видела некој фустан од 7.650, па многу сака да ѝ го купиме. Како да ја скршиме? Ќе ни позајмите ли 200 евра, ќе ви вратиме...

Позајмуваш, одиш на матура, а таму – свадба! Над 50 гости, на масите од пиле млеко, секаков пијалак, жива свирка, се прашуваш кај е невестата да го сврти орото? Нели немаа пари? Од кај излезе сега оваа свадба без невеста?



Многу често се прашувам во кого е грешката, дали кај децата или кај родителите. Некои деца немаат осет па постојано бараат и бараат и бараат, додека не ги исцицаат своите родители до крај, до последен денар. Кога гледаш од другата страна пак, родителите толку многу ги разгалуваат своите деца, што мора да им обезбедат сè што сакаат, без разлика дали тоа можат да си го дозволат.

За да не ве боли глава, со време седнете и кажете му на вашето дете дека средно училиште не значи ништо! Средното образование е 0 во споредба со целото искуство кое треба да го стекнат за некој занает или за професијата која ќе ја следат во понатамошните студии. Нека не се потресуваат толку многу, ќе имаат натаму и 5 и 10 и 20 години од матура и само тогаш ќе се гледаат со школските другари, за кои сега живот би дале. Затоа пуштете си ги нозете колку што ви е долга чергата. Најдобро е да штедете за факултетските денови, за тоа вреди да си ги потрошиш парите, а не за прославата за матура.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби