ОД СВОЕ ЌОШЕ

Мажите и сексуалните играчки: Е што, мене мал ли ми е?!

Неодамна на еден другар му купивме роденденски подарок вибрирачки прстен, а неговата реакција можеби беше и поскапоцена од самиот подарок:

- Wow! Браво за идејата! Едвај чекам да го пробам.. Но, како да и кажам на жена ми?! Како ќе ме сфати?

И така започнаа долгите размислувања. Ние жените како поотворени му кажувавме различни сценарија во кои може да го искористи, а мажите пак мудро си молчеа. Некако не сакаа да навлегуваат во целиот тој процес на сексуални фантазии. Откако пак тој го покажа подарокот на друг пријател, некако како да ја снема возбудата од неговите очи. Почнале да му се вртат во глава различни мисли од типот „Зарем не ја задоволувам доволно?“, „Зарем стар сум, па морам да внесувам секс играчки во спална?“, „Е што, да не немам ерекција?“.. Да, тоа беа главните мислења на повеќето мажи во врска со сексуалните играчки. Значи, станува збор за обичен вибрирачки прстен, кој ќе ја задоволи партнерката, не ти купивме огромен вибратор затоа што „пријателчето“ ти е мало.. Тоа не го знаеме и не не интересира, само сакавме да направиме убаво да се почувствувате и ти и жена ти.



Дури и секс играчките беа главна тема во „50 Shades of Gray“ па речиси сите мажи го гледаа филмот со отворена уста. Ако толку многу сте против секс играчките, зошто толку се заинтересиравте за секс сцените во тој филм? Сакавте да научите нешто ново, но сепак егото не ви дозволува тоа да го направите?

Немојте веќе со тие размислувања! Ако сте навистина маж и ако сакате да ја задоволите вашата партнерка, која е љубител на експериментирањето, слободно разговарајте во врска со тоа. Сигурно постојат и жени кои се против сексуалните помагала, па затоа седнете и разговарајте. Еден отворен муабет, може да ве воведе во светот на вашите фантазии и да се чувствувате како да сте во рајот. Секогаш може да дојдете до заедничко решение, ако ги отворите сите карти на маса. Ако пак вие не сте подготвени за секс играчка, оставете да помине време, набљудувајте ја, размислувајте каков секс би имале кога би ја искористиле.. можеби ќе се премислите.



Токму едно неодамнешно истражување покажа колку жителите на европските земји се заинтересирани за овие помагала. Како земја во која најмногу се користат секс играчки е Данска, а веднаш зад неа се најде и Шведска. Можеби токму тоа е поврзано со фактот дека жителите на Данска се меѓу најсреќните во светот.

На крај од денот, сексот е мошне важен во една врска, па немојте никогаш да го занемарите. Секогаш зачинувајте го со новитети, вклучувајќи ги и сексуалните играчки. Нема да сте „послаб маж“ ако употребувате секс играчки, тоа може да го мислат само некои искомплексирани мажи кои не се сигурни во себе. Ако вашата партнерка го сака тоа – овозможете и го, за мир во куќа!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби