Скриено значење на чкртаниците кои несвесно ги цртаме

Многумина од нас несвесно чкртаат одредени форми додека се занимаваме со нешто друго.

Можеби на изглед тоа ви изгледа сосема безначајно, но всушност тие чкртаници може да откријат многу за вашата личност.



Човечки фигури

Цртежите од човечки фигури откриваат чувство на беспомошност или желба да се побегне од одредени одговорности. Деталните цртежи од луѓе, често укажуваат на емоционална нестабилност и желба да се оддалечите од други.

Лични мисли

Овие чкртаници упатуваат на личност која е многу себична. Ако цртате за време на разговор, многу веројатно е дека не го слушате соговорникот, туку сте окупирани само со сопствените мисли.

Квадрати, ромбови и други геометриски тела

Овие форми откриваат доследна и упорна личност со цврсти уверувања и цели, кои воопшто не ги крие од другите. Оваа личност е многу внимателна.

Кругови

Кружните форми и предмети, било да се споени или нацртани еден до друг, се знак дека сакате да се поврзете со другите луѓе и да работите со нив. Исто така, овие форми укажуваат дека сте осамени и одвоени од остатокот од светот.



Животни

Ако цртате тигар или волк, значи дека ја потиснувате агресијата. Ако цртате лисица, значи дека сакате да направите нешто итро, а ако пак цртате зајак или верверица, знак е дека патите за внимание. Ако лавот се наоѓа во вашите чкртаници, значи дека се чувствувате супериорно и над сите. Од друга страна пак, ако постојано цртате едно исто животно, тоа значи дека се споредувате со тоа животно.

Спирали, кружни форми и заоблени линии

Проблемите на другите луѓе не ви се важни и не ве интересираат. Можеби поминувате низ емоционална криза и се трудите да ги решите своите проблеми. Имате потреба да го набљудувате своето однесување и сакате да престанете да се карате со луѓето околу вас.

Стрелки

Насоката кон која цртате стрелки ја покажува насоката во која оди вашиот живот. Стрелката насочена нагоре значи дека сте насочени кон другите луѓе, а стрелката насочена надолу, значи дека сте фокусирани на себе. Ако е свртена на левата страна, открива личност која гледа во минатото, а стрелката насочена на десната страна открива личност која гледа во иднината.

Ѕвезди

Сакате да бидете во центарот на вниманието и важно е сите да ве забележат. Ако цртате ѕвезди со многу различни врвови, тоа може да е знак дека ве мачи големо чувство на тага.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби