ОД СВОЕ ЌОШЕ

Македончето кога оди на одмор се одмара и од бонтонот

Балканските народи, често знаат да се смеат со нас, може поради тоа што сме послаба држава од нив, но и поради нашето однесување.

Понекогаш е навистина интересно да ги смееме останатите луѓе и да си биеме шега на наша сметка. Сепак, самите сме заслужни за тоа, нели? Не се виновни останатите народи кои знаат како да се однесуваат на одредени места.



Едно од најслободните места кое си го гледаме како да ни е наш двор е плажата. Речиси секој од нас кој оди на летување на море или езеро, знае толку многу да се опушти што претерува во однесувањето на плажа. Најпрво во 7 часот наутро, го фаќа најголемото дрво и под него поставува 10 лежалки, иако станува збор за 6-члено семејство. Ако се на море, мора да ги зафатат лежалките во првиот ред, за во водите да им се лади пивото и целото овошје што го понеле на плажа. Потоа кај 10 часот се иде на плажа, каде што се носи буквално се: три големи гуми за пливање, пет пара мускули, гумен базен, душек, по два пара папучи за секое дете, пива, вода и најглавното, јадење! Сендвичи мора да има, а во некој пластичен сад сигурно има подготвено и летна манџа! Па кога ќе порачаат само леб, кога ќе почнат да макаат од таа манџата, прсти да си излижеш!

Најинтересно ми е викањето од еден крај на друг крај на плажата. И што е најсмешно е тоа дека си мислат дека никој не ги разбира, затоа што се во друга земја. Но не, Грција е преполна со Македонци, речиси сите одиме таму.. И на Крит да отидете, ќе сретнете двајца Македонци.



- Ацо, ајде излегувај од вода три саати се бањаш, како жаба некоја се однесуваш! Гледај го детето на онаа дебелата колку е умно, срам да ти е!

А „дебелата“ да ти е Македонка и се да те разбира. Интересна ситуација, која на крај ќе ескалира како оние двајца што се степаа викендот на македонско-грчката граница.

Толкава ни е културата и за жал, сите го толкуваат Македонецот на таков начин. Самите си ги ставаме етикетите и никако не можеме да ги тргнеме. Дури и некои се изненадуваат ако покажеме културно однесување, ако се однесуваме нормално на плажа како сите други, ако не викаме, ако децата уредно си играат без да расфрлаат песок на нечија глава... Токму минатата година еден млад брачен пар се изненади од моето однесување, затоа што според нив, не сум се однесувала како Македонка. Не знаев дали тоа да го сфатам како пофалба или како навреда.



Ова мислење ќе продолжи да се шири кај нашите соседи, се додека го поткрепуваме со факти. Не велам дека Србите или Бугарите се подобри, но да не навлегуваме кај другите, додека ние не се свестиме за нашето однесување. Почнете од самите себе, дајте му на вашето дете пример за добро однесување и гледајте како работите се менуваат полека, но сигурно. Немојте да дозволите некој да го навредува вашиот народ, бидејќи и вие сте припадници на истиот. Плажата не ви е двор, јавно место е, а ако сте на одмор не треба да значи дека треба да се одмарате и од бонтонот и да се однесувате како што ќе ви текне.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби